Втора лигаФудбал

ФК Брегалница: Ние сме клуб со традиција, непознати лица почнаа физички да ги малтретираат нашите играчи и стручен штаб

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Брегалница вчера загуби на „Цвај арената“ во Неготино со резултат од 1:0 од екипата на Вардар Неготино, па сега „сините“ заостануваат во трката за директен влез во Прва лига бидејќи имаат пет бодови негатива од зоната за директен влез, а три бодови од бараж зоната за Прва лига.

Веднаш после натпреварот ФК Вардар Неготино преку соопштение реагираше дека гостинот од Штип ги искршил тушевите во гостинската соблекувална, а денес се јави и ФК Брегалница со демант.

  • ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ НА ФК БРЕГАЛНИЦА:

„ФК Брегалница најостро ги демантира искажаните невистини и невешто смислени сценарија од страна на домаЧинот на вчерашниот меч и некои медиуми. Нашиот клуб е клуб со традиција и никогаш во историјата на нашите гостувања управата и и играчите немаат направено, ниту помислено на ваков девијантски однос каков што некои искомплексирани “фудбалски работници” сакаат да исценираат.

Покрај тоа, сакаме да истакнеме уште неколку факти. Уште кога пристигна нашата екипа во Неготино, некои непознати лица почнаа физички да ги малтретираат нашите играчи и стручен штаб. На полувремето, нашиот тренер и двајца играчи беа нападнати од лица од управата на домаЧинот. Овие сцени, наведуваат да помислиме дека ова беше однапред смислено сценарио, бидејќи полицијата која беше во мал број воопшто не реагираше. Фрапантен е фактот што еден од напаѓачите на нашите играчи е роден штипјанец.

ФК Брегалница, како клуб со реноме и традиција, доколку не беше испровоциран, немаше да се занимава со “клубови” кои немаат елементарни услови а натпреварување во било која лига. Немаат топла вода, немаат вода за пиење, а санитаријата во соблекувалните е искршена со години наназад.
Исто така, сакаме да прашаме дали овие напади и немили сцени на еден “фудбалски терен” на некаква си “арена” се евидентирани од делегатот или полицијата во записник !? Ова е втор случај, како службено лице од домаЧинот напаѓа противнички играч, а како што знаеме ФК Вардар Неготино беше казнет и од федерацијата. Па јавно прашуваме, дали оваков клуб заслужува да се натпреварува во некоја фудбалска лига?“, се вели во соопштението на ФК Брегалница.

 

Вардар Неготино освои три огромни бодови против Брегалница и со тоа си го потврдува опстанокот во Втора лига, додека пак Брегалница ќе има навистина тешка задача и за баражот бидејќи пред штипјани е тежок распоред против конкурентите за Прва лига.

Сподели

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови донесе две искусни имиња – Владица Брдаровски и Милош Гордич. Брдаровски...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Три победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново, која денеска ќе се обиде да ја продолжи позитивната серија против...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Три победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново,...

Прва лигаФудбал

ФК Скопје: Ние сме подготвени и размислуваме само за победа

Скопје освои само три бода во првите шест кола од Првата фудбалска...

Втора лигаФудбал

ФОТО НА КОЛОТО: Новаци ја слави првата сезонска победа во Втора лига

Второлигашот Новаци ја забележа првата сезонска победа откако славеше на домашен терен...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!