Трета лигаФудбал

Превалец го доби дербито со Башкими 2008, Велевски носи три бода за Питу Гули, „петарда“ во Кривогаштани!

Сподели
Сподели

Превалец го доби дербито на 18. коло во Трета лига – Југ откако на домшен терен со 4:2 славеше над Башкими 2008 во трката за првото место и баражот за Втора лига.

На полувреме резултатот беше 1:1, откако Љупче Стефановски постигна гол за 1:0, а пак Аљбин Јашари во 30. минута израмни на 1:1. Во вториот дел Стефановски постигна уште еден гол, а пак Дукадиновски и Чоков беа стрелци на по еден гол за конечни 4:2.

„Петарда“ пукна во Кривогаштани откако Младост со 5:0 го декласираше Дреново, а на мечот хет-трик постигна Димтиар Китаноски. По еден гол постигнаа Чешелковски и Конески.

Бучин на домашен терен претрпе пораз од екипата на Влазними Јуниор со резултат од 1:2. За домашниот тим Андреј Николовски беше единствен стрелец, за гостинот Емрула Велиоски беше двоен стрелец, а пак Денис Башаноски беше стрелец на еден гол за 1:3.


Во Долни Дисан немаше победник, Венец и Слога од Лажани ги поделија бодовите играјќи 1:1. Волчески постигна гол за 0:1, а пак Ристовски за 1:1 погоди во 20. минута за конечен резултат.


Некогашниот второлигаш Росоман загуби со 1:3 од Питу Гули, со што тимот од Крушево ги носи трите бодови. Оливер Велевски беше стрелец на двата гола за гостинот со што тој е заслужен за победата, а еден гол постигна Стрезовски во 92. минута, додека пак за домашниот тим Кристијан Јованов беше единствен стрелец.

Во рамки на оваа коло слободна беше екипата на Ултрас и Големо Коњари.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски: Сакам да видам верба, тактички добро да стоиме и да одиграме добар натпревар против Шкотска

Македонската репрезентација во Глазгов ја очекува дуелот со Шкотска во рамки на Лигата на нациите. Предводникот на нашиот национален тим, Гоце Седлоски, ја...

Турнири

ФК Кул со четири генерации доаѓа на Ohrid Winter Cup и носи силна конкуренција

Фудбалскиот клуб Кул од Скопје го потврди учеството на Ohrid Winter Cup, доаѓа со дури четири генерации и носи голема конкуренција. Клубот кој...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!