Прва лигаФудбал

Беса на снег го доби Гостивар, Вардар ја втура Брера на дното, победи за Шкендија и Силекс!

Сподели
ФОТО: ФК Беса
Сподели

Беса на снег со 2:1 го доби Гостивар во рамки на 26. коло на Првата лига со што тимот на Горазд Михајлов избива на деветтото место и оди кон директен опстанок во Прва лига, а пак Гостивар го впиша третиот пораз во низа и се прости од трката за титула.

По чистите мрежи во првиот дел, во вториоте 45 минути Беса дојде до предност од два гола откако Ремзифаик Селмани во 55. минута го отвори резултатот, а пак Шефит Шефити постигна гол за 2:0. На десет минути до крајот Антонио Каланоски ги постави конечните 2:1.

Реми без голови и поделба на бодовите на Шкупи и Работнички (0:0) со што „романтичарите“ прават уште еден чекор назад во трката за титулата во ПМФЛ.

Вардар во Струмица триумфираше со 0:2 и со тоа ја втурна Брера на дното од табелата во елитата, со што струмичани се најмногу загрозени кога е во прашање опстанокот во Прва лига. Закариќ и Спахиу беа стрелци за Вардар во вториот дел.

Воска Спорт во финишот остана без три бода, откако загуби од Силекс преку пресврт со 1:2. Домашниот тим преку Илирид Адеим во 13. минута дојде до водство од 1:0 на полувреме. Во вториот дел тимот од Кратово израмни преку Милош Николиќ во 86. минута, а пак во 93. минута Илија Донов со атрактивно голчиште направи пресврт на конечните 1:2 за голема победа на Силекс.

Шкендија го слави Лиридон Латифи кој во 70. минута постигна гол вреден побед за тимот од Тетово, кој славеше со 0:1 над Тиквеш во Кавадарци. Во 45. минута беше поништен гол на домаќинот, откако Миловановиќ постигна гол за водство, но истиот беше поништен од страна на главниот судија бидејќи било досудено индиректен удар за Шкеднија, Садик играл опасно и затоа не дозволи играта да продолжи.

Вчера, Струга Трим Лум со 4:1 славеше над Пелистер на домашен терен Во меч каде Кехинде го отвори резултат за шампионот со гол од пенал, а пота Ристевски израмни во 30. минута со гол од пенал. Во 45. минута Филиш Бошковски поради два жолти картони беше исклучен од игра.

Во вториот дел Влајковиќ и Шабани погодија за 3:1, а пак Кехинде со втор гол во судиското надополнување ги постави конечните 4:1.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

(ФОТО) Охрид го совлада Младост и се израмни со Пелистер на второто место – богданчани без изненадување кај „гладијаторите“!

Охрид забележа нов триумф во ракометната Суперлига совладувајќи го Младост од Богданци на домашен терен со 24:20, во меч од десеттата рунда. „Гладијаторите“...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Милованова: Против Естонија одиме само напред со желба за успех!

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ги продолжува настапите во ноемврискиот циклус од претквалификациите за Евробаскет 2029. По одиграниот натпревар против Романија во...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!