ФудбалФутсал

СЕЕ Университи му пресуди на Мал Ајакс со осум гола, ќе има ли нов лидер во Втората футсал лига!?

Сподели
ФОТО: Futsal Team "Seeu University"
Сподели

Втората футсал лига овој викенд може да добие нов лидер, откако Мал Ајакс нанижа три порази во низа, претходно загуби од конкурентите Кораб и Балкан, а синоќа во Големо Речица загуби од СЕЕ Университи со 8:2, со што тимот од Штип „виси“ и веќе овој викенд може да заврши на второто, но и на третото место, во зависност како ќе одиграа Балкан против Партизан Југ од Брвеница и Овче Поле на домашен терен против Кораб.

Резултатот во Тетово беше отворен по само две минути игра откако Гезим Азизи погоди за 1:0, а веќе во седмата минута Иса Дурмишов постигна гол за 1:1. Но, тетовскиот тим преку Хисен Мемди постигна гол за 2:1 на полувреме.

Во вториот дел доминантно издание на домаќинот кој преку нови два гола на Мемеди, трите гола на Самир Рамадани и голот на Едис Муртезани ја наполни мрежата на гостинот од Штип, а пак Амин Шаќири си постигна автогол со што конечниот резултат беше 8:2.

Виси првото место на Мал Ајакс, доколку Балкан триумфира против Партизан Југ, во меч каде е фаворит, Балкан ќе избие на врвот, а и доколку Овче Поле забележи триумф во дербито на колото против Кораб во тој случај Овче Поле и Балкан ќе го делат врвот со по 40 бодови, а Мал Ајакс ќе се спушти на третото место со 39 бодови или ќе биде надвор од зоната или местата кои директно водат кон Прва лига.


Во такви околности пред Мал Ајакс ќе биде исклучително тежок период каде ќе мораат покрај победи да се надеваат на киксови и на противниците ако сакаат влез во Првата футсал лига.

Денес е денот „Д“ за врвот во Втората футсал лига. Овче Поле ќе игра против Кораб во Свети Николе, а пак Балкан против Партизан Југ од Брвеница.


Утре, Каршиака на домашен терен ќе игра против Победа од Прилеп, додека пак Карадаку ќе се соочи со Кратово.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

АЛТА банка нов спонзор на МЗТ Скопје – официјализирано партнерството со македонскиот шампион!

МЗТ Скопје Аеродром го засилува својот спонзорски тим со ново партнерство. Клубот официјално објави дека АЛТА банка е нов спонзор на македонскиот кошаркарски...

Ракомет

Алкалоид го дозна европскиот ривал: Келаг Ферлах е првата пречка кон нов европски поход!

Алкалоид го дозна својот противник во второто коло од ЕХФ Европскиот куп. На денешната ждрепка во Виена, македонскиот претставник за ривал го доби...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Стојанче Трпчевски ќе им суди на Брегалница и Скопје во Штип

В среда ќе биде комплетирано осмото коло на Првата македонска фудбалска лига...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!