Втора женска фудбалска лигаФудбал

Плачковица откина бодови од Вардар, Порече и Кочани се распукаа со „петарди“ на стартот од сезоната!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Порече на стартот од новата сезона во Втората женска фудбалска лига го декласираше дебитантот Слободен со „петарда“.

Екипата од Македонски Брод со 0:5 го декласираше новиот член на Втората македонска фудбалска лига.

Јована Ѓорѓиоска Блажеска сама го победи Слободен, откако постигна четири погодоци, а петтиот гол беше дело на Тајна Грозданоска за конечни 0:5.

Радовишка Плачковица откина бодови од фаворитот Вардар, вицешампионот од минатата сезона кој не го помина баражот за Прва лига, мораше да се задоволи само бод, откако бркаше негатива во два наврати.

Марија Бојкова која е повратничка во радовишката екипа во 10. минута ја стресе мрежата на Мила Цветановска за 0:1. По седум минути игра Елена Костадиноски постигна гол за 1:1 на полувреме.

Во вториот дел Плачковица дојде до нова предност од 1:2 со голот на Викторија Стојаноска, а во 78. минута Теодора Јанковска ја смести топката во мрежата на Елеонора Николовска за конечни 2:2.

Девојките на Теодора Димитровска мораа да се задоволат само со бод на стартот од новата сезона.

Големиот фаворит за првото место и враќање во Првата лига, екипата на Кочани со 1:5 го декласираше Билјанини Извори. Новото засилување кое доаѓа од Првата лига од екипата на Шкендија, која се распадна Афродита Салихи постигна два погодоци, како и Ангела Стојковска, а пак Елеонора Митреска си постигна автогол.

За охридскиот тим стрелец на единствениот гол беше Марија Јулчовска постигнат во 70. минута.

Колото ќе се комплетира в среда со мечот меѓу Победа Валандово 16 и Борец, меч кој ќе се одигра во Валандово.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Ираклис пресилен за МЗТ Скопје – македонскиот шампион го запиша шестиот пораз во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува без победа во ФИБА Еврокупот, откако на гостувањето во Солун претрпе убедлив пораз од грчки Ираклис...

Кошарка

ТФТ го затвори шестото коло со драма, четири екипи се израмнија зад МЗТ

ТФТ го совлада МКК Куманово со 89:87 во Скопје и го комплетираше шестото коло во МТЕЛ Суперлигата. Сила ги погоди двете решавачки слободни...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

РакометФудбал

(ФОТО) Ајдуци реагираат: Вчера Астраион, денес Тиверија, струмичка спортска мизерија

Навивачката група „Ајдуци“ од Струмица, на натпреварот од 6. коло на кошаркарската...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!