Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Големо искуство за младите фудбалери на Нови Таленти, кои тренираа и одиграа натпревари со германскиот гигант Борусија Дортмунд

Сподели
Сподели

Фудбалскиот клуб Нови Таленти од Струмица во период од 28 март од 31 март беше во Германија, каде на покана на големиот фудбалски гигант Борусија Дортмунд, младите фудбалери имаат можност за тренирање и одигрување на пријателски натпревари со германскиот клуб.

Ова беше уникатна можност за фудбалерите на струмичкиот клуб да тренираат и одиграат пријателски натпревари против клуб каков што е Борусија Дортмунд, кој важи за еден од клубовите кои ја има најдобрата школа.

Фудбалерите исто така имаа можност и да го проследат натпреварот меѓу Борусија Дортмунд и Мајнц што претставува уште едно големо искуство за младите фудбалери, а исто така им се укажа можност и да го посетат и стадионот на германскиот гигант и истиот да го разгледат.

Ова е потврда дека ФК Нови Таленти гради сериозни контакти со големи фудбалски имиња во Европа, потврда за нивната правилна и успешна работа, а талентите работат лиценцираните тренери Оливер Христов и Томе Христов.

Сепак, на меѓународен план и натаму ќе биде активен ФК Нови Таленти, во период од 7 до 12 јуни струмичани ќе учествуваат на голем турнир во Франкфурт, Германија.

ФК Нови Таленти продолжува да биде посветен кон младите фудбалски таленти и кон тоа да направат од нив вистински фудбалски ѕвезди кои би го трасирале патот кон фудбалска Европа.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Четврток за промени во Втора лига: Охрид и Работнички атакуваат на врвот, Детонит и Тетекс ќе бараат позитивен резултат

Во четврток Втората македонска фудбалска лига може да добие нов лидер, но истовремено одложените натпревари од второто коло може дополнително да ја усложнат...

Кошарка

ГКК Штип го засилува ростерот со американски крилен центар пред дебито во новата сала „Џексон“

Новиот суперлигаш ГКК Штип 1933 продолжува активно да го составува тимот за историскиот настап во елитното друштво, а најново име во ростерот е...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Вардар со две квалитетни засилување: Елма Шемсовиќ и Иман Шљиво во „црвено-црниот“ дрес

Вардар ќе биде посилен со две искусни фудбалерки за продолжението од првенството...

Трета лигаФудбал

(ФОТО) ГОЛЕМА НЕИЗВЕСНОСТ ЗА ВАРДАР НЕГОТИНО: Клубот со апел до Општината за спас на сезоната

ГФК Вардар 1938 од Неготино се соочува со сериозни финансиски и организациски...

Прва лигаФудбал

Струга ТЛ го „скрши“ Арсими за едно полувреме: Радески со хет-трик во голеадата од 6:0

Струга Трим Лум ја оправда фаворитската улога и со убедливи 6:0 го...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!