ФудбалФутсал

Овче Поле победнички во Штип – триумф против лидерот Мал Ајакс, се разгорува битката за местата кон Првата футсал лига!

Сподели
Сподели

Дерби во Штип од 17. коло на Втората футсал лига заврши со триумф за Овче Поле кој со 2:4 славеше над лидерот Мал Ајакс преку пресврт.

Штипјани на полувреме имаа два погодоци предност (2:0), но и тоа не беше доволно. Седат Мамудов и Иса Дурмишов беа стрелци во првиот дел за штипскиот клуб. Во второто полувреме во само три минути беа потребни за Овче Поле да направи пресврт и да дојде до предност од 2:3. Во 25. минута Ѓорѓи Султанов постигал за 2:1, а потоа со два брзи гола во две минути на Дамјан Благоевски тимот од Свети Николе имаше предност од 2:3.

Во финишот од мечот печат на победата стави Давид Бојковски кој во 38. минута беше прецизен за конечни 2:4 со што трите бодови заминуваат на контото на ланскиот прволигаш од Свети Николе.

Лидер и натаму останува Мал Ајакс со 39 бодови на своето конто, Овче Поле и Балкан имаат по 37 бодови и го делат второто место, па битката ќе се сведе на овие три екипи да ја продолжат борбата за првите две места кои водат кон Првата лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

КупФудбал

ПОЧЕТНИ СОСТАВИ: Како ќе играат Тиверија Брера и Каменица Саса?

Денес на стадионот во Ѓорче Петров се игра Куп финалето меѓу Каменица...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!