Прва женска фудбалска лигаФудбал

Хава Мустафа ја реши Саса, Гоја со два гола за Тиверија Брера во победата над Топ Гол, Истатов ја доби Речица!

Сподели
Сподели

Дербито на колото го реши Хава Мустафа, откако со два гола обезбеди голема победа за актуелниот шампион Љуботен во пресметката со Каменица Саса.

Ново засилување на тетовскиот прволигаш кој ја брани двојната круна во новата сезона обезбеди три бода и голема и важна победа над конкурентот од Македонска Каменица.

Првиот гол Мустафа го постигна во 52. минута, а во 85. минута со втор гол стави печат на големата победа за Љуботен.

Тиверија Брера прокнижи нова победа овој пат на домашен терен од 4:0 над битолски Топ Гол. Струмичкиот прволигаш беше голем фаворит на овој меч, а четири погодоци се потврда за тоа.

Гоја беше стрелец на два погодоци за Тиверија Брера, а по еден гол постигнаа Ане Бошески и Билјана Панеска.

Истатов преку Радица Чонева и Севим Илјаз кои беа двојни стрелци стигна од прво сезонско славје над Речица од 4:0.

Атлетико на домашен терен доживеа пораз од екипата на Скопје 2014. По мирните мрежи во првиот дел, во второто полувреме Евтимџиоска и Коларовска погодија за 0:2 и триумф над повратникот во елитата.

Во 4. коло одмараше екипата на Ас Јунајтед.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот Детонит Плачковица, за што Спортска Мрежа прва објави во Радовиш има...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!