Втора женска фудбалска лигаФудбал

Јанчева ќе им суди на Плачковица и Кочани, Спасова главна во Велес, Максимовска патува во Македонски Брод

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите одложени натпревари со кои ќе се комплетира 10. коло на Втората женска фудбалска лига.

Во Радовиш екипата на Плачковица ќе игра против лидерот и фаворит Кочани, мечот ќе започне во 12 часот, а правдата ќе ја дели Виолета Јанчева од Гевгелија.

Во Велес ќе се соочат Борец и големиот фаворит Билјанини Извори, натпреварот ќе започне во 12 часот, а главен судија на мечот ќе биде Александра Спасова од Свети Николе.

Во 12:30 часот во Македонски Брод ќе започне натпреварот меѓу Порече и Победа Валандово, а главен судија на мечот ќе биде Јована Максимовска од Скопје.

Претходно, колото беше отворено на 15 март со мечот меѓу дебитантот Слободен и Вардар, каде вардарски со 0:8 беа пресилни.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од табелата со 14 бодови, откако битолчани славеа во дербито со Охрид...

Втора лигаФудбал

Беласица со четири ремија во низа, Новаци со голем скок, очајот на Шкупи продолжува

Пелистер е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига, барем до четврток, кога ќе бидат одиграни двата одложени мечеви од 2. коло кои...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Кој може да го симне Пелистер од тронот во Втора лига?

По шест кола екипата на Пелистер од Битола е на врвот од...

Втора лигаФудбал

Беласица со четири ремија во низа, Новаци со голем скок, очајот на Шкупи продолжува

Пелистер е нов лидер во Втората македонска фудбалска лига, барем до четврток,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!