Ракомет

Вардар и Еурофарм Пелистер до убедливи победи, Бутел и Тиквеш со победа го затворија регуларниот дел на Суперлигата

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Во рамки на последното 22. коло на регуларниот дел на ракометната Суперлига, беа одиграни четири натпревари, додека останатите два ќе се одиграат вечерва.

Очекувано, Вардар го декласираше тимот на Струга со висока победа од 40:26 во натпреварот што се одигра во Скопје. Маргхели и Димитро со по седум погодоци беа клучни за доминацијата на Вардар, додека за Струга, Стојков и Џигероски со по шест погодоци беа најпрецизни.

Еурофарм Пелистер, пак, забележа убедлива победа од 22:35 над Прилеп, каде беше јасно дека битолчани ќе дојдат до лесна победа. Најефикасен во тимот на Еурофарм Пелистер беше Цветан Кузманоски со пет гола, додека во редовите на Прилеп, Квастек и Бикоски постигнаа по четири гола.

Во скопското дерби, Бутел го победи Пролет со 23:21, завршувајќи го регуларниот дел од Суперлигата со победа. Во натпревар што беше доста израмнет и во кој се менуваше водството, победата за Бутел ја донесе Филип Николов, кој беше најпрецизен со девет погодоци. За Пролет, Никола Стоилевски постигна пет гола.

Тиквеш, пак, направи пресврт во второто полувреме и го победи Борец Ф.Л. со резултат 29:24. Гостите од Велес имаа пет гола предност во првото полувреме, но домаќинот го израмни резултатот на 21:21 и потоа ја презеде контролата на играта, одржувајќи предност до крајот. Коцев беше најдобар за Тиквеш со седум гола, а за Борец, Черубим постигна пет погодоци.

Вечерва, Радовиш ќе се соочи со Куманово, а дербито на колото ќе се одигра во Автокоманда, каде Алкалоид ќе се сретне со Охрид.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Не пропуштајте

Турнири

Дим Метал ги „меле“ противниците – високи победи над Електро Петар и Такси Ага

Синоќа на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ одново беа постигнати рекордни погодоци, а салата пак беше полна со публика која даваше поддршка...

Останато

ВИДЕО: Алијанц Милано премногу моќен за македонскиот вицешампион Штип УГД

Вечерва во СРЦ „25 Мај“ италијанскиот гигант Алијанц Милано во моќно издание го доби македонскиот вицешампион Штип УГД со 3-0 во сетови, во...

Поврзани написи
Ракомет

„Сите дишеме како еден“ – Ројевиќ по убедливата победа на Охрид над Тиквеш

Ракометарите на Охрид се вратија од Кавадарци со убедлива победа од 31-19...

Ракомет

Алкалоид ја потврди фаворитската улога – убедлива победа над Прилеп!

Екипата на Алкалоид, ја потврди фаворитската улога и без проблеми си замина...

Ракомет

Куманово избегна пораз – Пролет пропушти победа во драматична завршница

Во дуел исполнет со пресврти, емоции и нерви до последната секунда, Куманово...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!