ФудбалФудбалска репрезентација

ФОТО: Во последната секунда останавме без победа, реми на Македонија против Велс!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | Забрането превземање!
Сподели

Македонија во последната секунда остана без победа против Велс, откако велшаните во буквално последната секунда постигнаа гол за конечни 1:1, со што епилогот беше делба на бодовите.

Миовски во завршните мигови постигна гол за 1:0 и имаше водство се до последните секунди, кога топката во последната секунда влезе во мрежата на Димитриевски за конечни 1:1 со голот на Дејвид Брукс.

Натпреварот започна со минута молк во чест на починатите од големата трагедија во Кочани, каде животот го загубија 59 лица. Фудбалерите и на двете репрезентации имаа црни траки на левата рака во знак на почит за големата трагедија во Кочани.

Велс беше фаворит на мечот во Скопје против Македонија и според обложувалниците, но и според ранкинкот.

Првата шанса Македонија ја имаше преку Костадинов, во почетните минута од натпреварот кој биеше само покрај левата статива од голот на Велс.

Првите десеттина минута беа моменти каде и двете репрезентации ги испитуваа силите со игра најчесто во средината од теренот. Велс го имаше поседот на топката поради кратките пасови.

Во првата половина на првиот дел Македонија беше повлечена, а ја остваривме и првата цел со тоа што не му дозволивме на противникот да наметне темпо, но и да се изгради посериозна ситуација. На Националната арена имаше околу 20 илјади гледачи.

Грмеше во еден глас Македонија, Македонија од публиката кога нашата репрезетнација се обидуваше да направи притисок кон голот на Дарлоу.

Во 26. минута од мечот голманот Димитриевски се пожали на повреда, за што се укажуваше лекарска интервеција од страна на медицинскиот тим на македонската репрезентација. Голманот на Валенсија го продолжи натпреварот за што беше поздравен и од навивачите.

Влес играше многу дисциплинирано во првата зона односно во одбраната особено при грешки или губењето на топката.

Првиот корнер Македонија го имаше во 39. минута, имавме тука една можност мешаница беше во шеснаесетникот, а од целата ситуација имавме уште еден удар од аголот, топка налета на Алиоски кој веднаш биеше но топката помина покрај голот.

Во 42. минута имаше притисок кон голот на Македонија имаше Даниле Џејмс кој креираше шанса, но немаше успешна завршница.

Тврд натпревар и тежок противник во однос на претходниот меч против Лихтенштајн.

Во вториот дел Велс тргна со притисок кон голот на Димитриевски, а потоа и на спротивната страна се отвори простор за Македонија, но велшаните се вратија и затворија. Најголемиот проблем во самата игра во нашата репрезентација беше фактот што одеше тешко воопшто и да ја изнесиме топката кон половината на противникот со свршување на неколку пасови. Џордан Џејмс имае одличен приме на топката и веднаш испрати удар кон голот на Димитриевски, но голманот на Валенсија беше сигурен на голот на македонската репрезентација.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Илиевски имаше центаршут во 55. минута, но беше предалеку за да го пронајде Миовски. Потоа Даниел Џејмс имаше добар центаршут во шеснаесетникот на македонската репрезентација, по една грешка во одбраната на Македонија, но имавме среќа што тоа не се претвори во гол. Велшаните имаа моменти на притисок по нашиот гол.

Во следниот напад Македонија имаше одлична шанса кога биеше Елмас и бевме можеби најблиску до гол.

Со влезот во игра на Чурлинов и Атанасов, Македонија се обиде да го промени пристапот во самата игра и да се обиде да се наметне посериозно кон голот на Велс. Токму тоа и беше потврдата веднаш потоа Чурлинов имаше голема шанса, а Дарлоу беше сигурен на голот со одлична интервенција, Македонија во 65. минута го имаше првиот шут го рамки на голот. Многу блиску бевме до гол во нашата најзрела шанса.

Во 71. минута премногу блиску беше Велс за да дојде до гол по една непријатна топка на Џојнсо, кога Муслиу спаси чист гол на противникот.

Ни се отвори голема шанса и во 74. минута кога Елмас проигра со Барди, капитенот биеше но неговиот удар беше изблокиран и добивме корнер. Во 77. минута од мечот одново се повреди Димитриевски при боксување, му се укажа лекарска помош и го продолжи мечот.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Одново голема шанса Македонија имаше во 80. минута кога Алиоски доби топка од Барди, кој повеќе сакаше да центрира отколку да бие кон голот, а тука не стигнаа во тој празен гол Миовски и Чурлинов и на момент „замрзна“ одбраната на Велс, но на нивна среќа немаше гол.

Во самиот финиш на мечот Бојан Миовски постигна гол за миниална, но огромна победа од 1:0 над Велс, но Брукс беше кобен за Македонија и постигна гол за 1:1 и поделба на бодовите.

Во јуни ќе имаме два тешки натпревари против Белгија дома и против Казахстан во гости.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

ЖРК Вардар со тренерска промена: Даниела Новеска нов шеф на стручниот штаб

Женскиот ракометен клуб Вардар ја прекина соработката со досегашниот стручен штаб на сениорската екипа, Анжела Платон и Александра Кузмановска, кои повеќе нема да...

ИнтернационалциФудбал

ВИДЕО: Реми на ГФК Охрид со Будуќност во првото коло на ЕРС (eFootball Pro Champions)

Вечерва стартуваше новата сезона во ЕРС (eFootball Pro Champions), а во која настапува екипата на ГФК Охрид Лихнидос, за што веќе ексклузивно објави...

Поврзани написи
ИнтернационалциФудбал

ВИДЕО: Реми на ГФК Охрид со Будуќност во првото коло на ЕРС (eFootball Pro Champions)

Вечерва стартуваше новата сезона во ЕРС (eFootball Pro Champions), а во која...

ФудбалЧетврта лига

ФОТО: Огражден му даде седум гола на Спартмани на пријателски меч

Во Ново Село се одигра пријателски натпревар меѓу Огражден и Спартмани, на...

ОстанатоФудбал

ФОТО: ОФС Тетово го одржа редовното годишно Собрание

Општинскиот фудбалски сојуз (ОФС) Тетово денес го одржа редовното годишно Собрание, а...

Втора лигаФудбал

ГФК Вардар Неготино закажа Годишно собрание: Отчет на новата управа, поканета и старата управа

Второлигашот Вардар Неготино кој „виси на конец“ да испадне директно во Трета...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!