Ракомет

КУП: Охрид како апсолутен фаворит против Шампион, Радовиш против Скопје, Младост против Струга

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Вчера во просториите на Ракометната федерација на Македонија беа извлечените паровите за елиминационото коло од ракометниот Купот на Македонија.

Во првата фаза од Купот ќе се соочат прволигашите Аеродром и Македонија ЃП, ланскиот суперлигаш Мулти Есенс како голем фаворит ќе игра против Преспа Вардар од Ресен, суперлигашот Прилеп како апсолутен фаворит оди кај прволигашот Текстилец.

Бутел ќе биде голем фаворит против Металург РА, суперлигашот Радовиш како фаворит ќе игра со Скопје, Пролет ќе биде без проблеми против прволигашот Кичево во меч каде разликата во квалитет е огромна.

Овче Поле ќе се соочи со суперлигашот Борец Ф.Л., Охрид во улогата на апсолутен фаворит ќе игра против Шампион, Тиквеш како голем фаворит ќе игра со прволигашот Јехона.

И суперлигашот Куманово нема да има проблем против прволигашот Астраион, интересен и возбудлив меч ќе има меѓу Младост од Богданци против Струга. Екипата на Младост се бори да го обезбеди баражот за влез во Суперлигата, а пак Струга ќе води борба за опстанок во Суперлигата.


Вардар Неготино ќе се соочи со Партизан, а пак Еурофарм Пелистер 2 како голем фаворит ќе игра против Драчево.

Натпреварите од елиминационото коло на ракометниот Куп на Македонија ќе бидат на програмата овој викенд односно на 29 и 30 март.

Сподели
Напишано од
Сања Секулоска -

Сања Секулоска е спортска новинарка во Спортска Мрежа. Секулоска по професија е магистер на економски науки, која започнува од хоби кон новинарството конкретно во ракометот. Секулоска го следи и европскиот ракомет.

Поврзани написи
РакометРакометна репрезентација

Томовски блескаше, Кузмановски предводеше: Македонија сигурна против Словачка!

Македонската машка ракометна репрезентација направи голем чекор кон нов настап на Светското...

Ракомет

Македонија вечерва го отвора баражот за пласман на Светското првенство

Вечерва од 19:00 часот во „Татран Арена“ во Прешов, машка ракометна репрезентација...

Ракомет

Јовановски останува со Чупиќ, Нечовски доби промоција во сениорскиот тим!

Раководството на клубот продолжува со градење на тимот за наредната сезона, па...

Ракомет

Француско засилување за ГРК Охрид: Адама Кеита носи големо искуство!

ГРК Охрид продолжува со засилувањата за новата сезона, а петто ново име...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!