Прва женска фудбалска лигаФудбал

Шампионот Љуботен ја доби Тиверија Брера и изби на врвот на табелата, три бодови за Истатов!

Сподели
Сподели

Шампионот Љуботен изби на врвот во Првата женска фудбалска лига, откако го доби мега дербито со Тиверија Брера со резултат од 2:1 и тоа преку пресврт во меч од 24. коло.

Натпреварите започнаа со минута молк за да се оддаде почит кон загинатите и настраданите од големата трагедија во Кочани.

Струмичкиот тим беше на врвот од табелата, но после денешниот пораз се спушта на второто место на табелата. Теона Галабовска по седум минута игра погоди за водство на Тиверија Брера од 0:1, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел новото засилување, интернационалката од Америка, Мариса Николе Васкез, со два гола во 55. минута и 71. минута го сврте резултат на конечни 2:1 за голема победа на шампионот со која избива на врвот од табелата.

Главниот судија Фатмир Бафто подели и два црвени картони во финишот на мечот. Во 93. минута Драгољуб Јовановски, кој е претставник на домашната екипа доби црвен картон поради неспортско однесување, влегување во терен, а пак црвен картон доби Панче Стојанов од стручниот штаб на Тиверија Брера, поради неспортско однесување, удирање во боксот за резервни играчи во 92. минута.

Градското дерби во Битола меѓу Топ Гол и Атлетико заврши без победник, но и без голови (0:0) со што двете екипи ги поделија бодовите.


Скопје однесе висока и убедлива победа против Речица на гостински терен со резултат од 1:4. Само три минута беа потребни за Сара Коларовска да постигна гол со кој го отвори резултат за водство на гостинот, а веќе во 9. минута Кристина Крстева постигна гол за 0:2.

Во 13. минута од мечот Емили Митковска погоди за 1:2. Не требаше многу искусната Рабија Дервиши постигна гол за 1:3 на полувреме.

Во вториот дел Јасмина Јовановска си постигна автогол со што конечниот исход беше убедлива победа за Скопје од 1:4.

Истатов на домашен терен забележа победа од 2:1 против струшки Ас Јунајтед. Само шест минути беа потребни за тимот на Кирил Изов за обезбеди предност од 1:0 со голот на Кристина Петрушевска, а во финишот на првиот дел Марта Илиеска постигна гол за 1:1.

Во второто полувреме во 62. минута Андреа Коловска беше прецизна за 2:1, а воедно тоа беше и конечниот резултат.


Во рамки на оваа коло слободна беше екипата на Каменица Саса.

Во однос на табелата Љуботен е прв со 40 бодови, Тиверија Брера е втора со 38 бодови, Каменица Саса со меч помалку е на третото место со 34 бодови.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЖЕНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЖФК ЉУБОТЕН 15 13 1 1 64 10 +54 40
2 ЖФК ТИВЕРИЈА БРЕРА АД 15 12 2 1 70 8 +62 38
3 ЖФК КАМЕНИЦА САСА 14 11 1 2 46 10 +36 34
4 ЖФК СКОПЈЕ 2014 13 8 0 5 27 17 +10 24
5 ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2015 Скопје 15 6 2 7 21 40 -19 20
6 ФК АТЛЕТИКО/ЖФК 15 3 3 9 13 31 -18 12
7 ФК ТОП ГОЛ/ЖФК 15 3 3 9 13 36 -23 12
8 ФК АСС УНИТЕД/ЖФК 15 2 0 13 22 46 -24 6
9 ЖФК РЕЧИЦА 15 2 0 13 12 90 -78 6
10 ЖФК ШКЕНДИЈА Тетово(-3) 0 0 0 0 0 0 0 -3

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Јанчева ќе им суди на Плачковица и Кочани, Спасова главна во Велес, Максимовска патува во Македонски Брод

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите одложени натпревари со кои ќе се комплетира 10. коло на Втората женска фудбалска...

Трета лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Службена победа за Тетекс за прекинатиот меч со Влазерими – „штофарите“ осамени на врвот во Трета лига – Запад

Прекинатиот меч меѓу Тетекс и Влазерими од 14. коло на Третата македонска фудбалска лига – Запад, го доби својот епилог. Тетекс со службен...

Поврзани написи
Фудбал

Хуманитарен меѓународен натпревар за настраданите во Кочани: ФК Бигорски против Пут на Свету Гору од Србија

Утре во Скопје ќе се одигра хуманитарен меѓународен натпревар за настраданите во...

Втора лигаФудбал

Хендикеп за Охрид пред гостувањето со Новаци, радовишани без клучен играч гостуваат во Неготино!

Утре ќе бидат одиграни натпреварите од 22. коло на Втората македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!