Втора лигаФудбал

Арсими се доближи до бараж зоната за Прва лига, Македонија ЃП и Башкими убедливи, реми во Радовиш

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Фаворитите одиграа според планот, само штипјани се „сопнаа“ и ремизираа, денес беа одиграни одложените натпревари од 21. коло на Втората лига, а сите мечеви запознаа со минута молк поради трагедијата во Кочани.

Башкими според планот забележа голема победа над Вардар Неготино од 5:2 со што трите бодови останаа во Куманово, а тимот на Башкими продолжува да го трасира патот кон Првата лига.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

На полувреме домаќинот со головите на Амар Имери и Аган Сулимани имаше предност од два гола. Во вториот дел Аган Алиу погоди за 3:0, а потоа Никола Павлески со два брзи гола во 53. и 61. минута намали на 3:2 и ја врати неизвесноста на мечот, но тимот на Горан Тодорчев во финишот од мечот прими два погодоци со што победникот беше решен.

Новото засилување Аљбан Мемеди погоди за 4:2, а пак искусниот голгетер Хусеин Демири ги постави конечните 5:2, а со овој пораз Вардар Неготино ја продлабочува резултатската криза.

Охрид ремизираше со Победа во меч без голови (0:0), а овој меч наместо на „Билјанини Извори“ во Охрид се играше на стадионот во Струга.


Детонит Плачковица и Кожуф ги поделија бодовите откако одиграа 1:1 во Радовиш. Домаќинот преку Дамјан Масевски прв дојде до водство од 1:0, а во вториот дел гостинот од Гевгелија преку Филип Ѓорѓиевски дојде до конечните 1:1.

Немаше победник ниту во Штип, каде Брегалница и Скопје ремизираа играјќи 1:1, во меч каде „пиратите“ со атрактивно голчиште на искусниот Иво Јанакиевски дојдоа до водство во 14. минута. Во вториот дел младиот Благој Хаџи-Кимов постигна гол за конечни 1:1.

Беласица забележа висока и сигурна победа од 3:0 против Новаци, со што гостинот ја продлабочува резултатската криза. Димче Јовов погоди за 1:0 на полувреме. Во второто полувреме Максим Цониќ постигна гол за 2:0, а конечниот резултат го постави искусниот Бојан Најденов во 92. минута.

Македонија ЃП го декласираше Вардарски во целост со 4:0, откако најдобриот стрелец Симеон Христов постигна два гола, а по еден гол постигнаа Кире Маркоски и новото засилување Анџело Николовски.

Борец ја продолжува резултатската криза и тимот е се поблиску до директно испаѓање во Трета лига – Југ, откако го загуби дербито од дното и со Осогово на домашен терен од 1:3. „Жетварите“ победата ја посветија на 59-те жртви од големата трагедија во Кочани, а ова победа значи дека Осогово оди кон тоа да обезбеди и директен опстанок.

ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа

Фудбалерите на Осогово на загревање истрчаа со црни маички со кои се искажа длабоко сочувство за трагедијата, а во фудбалерите на левата рака носеа црни траки, додека пак Борец исто така се загреваше во црни маички.


Владимир Жоглев по четири минута постигна гол за 0:1 и водство на полувреме. Во вториот дел со гол од пенал Кристијан Ристовски погоди за 0:2, а четири минути подоцна односно во 60. минута Жоглев со втор гол зголеми на 0:3. Во финишот од мечот или во 82. минута нововлезениот Матеј Панов ги постави конечните 1:3.

Арсими однесе висока и убедлива победа од 4:1 против Каменица Саса и продолжува да ги напаѓа местата кои водат кон Првата лига. Најдобриот стрелец на клубот Аљбин Рамадани беше двоен стрелец, а по еден гол постигнаа Малиќ Белули и Аљбин Таипи, а пак за „рударите“ погоди Тони Мичковски.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД 21 15 3 3 41 8 +33 48
2 АД ФК Башкими 1947 Куманово 21 15 3 3 38 17 +21 48
3 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 21 13 5 3 31 18 +13 44
4 ФК АРЕСИМИ-1973 21 13 3 5 37 19 +18 42
5 ФК КАМЕНИЦА САСА 21 9 5 7 35 28 +7 32
6 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 21 9 5 7 25 23 +2 32
7 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 21 7 10 4 28 20 +8 31
8 ФК СКОПЈЕ АД 21 7 10 4 25 18 +7 31
9 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 21 7 10 4 22 16 +6 31
10 ФК БЕЛАСИЦА АД 21 7 7 7 25 23 +2 28
11 ФК ПОБЕДА АД 21 6 4 11 23 29 -6 22
12 ЗФК НОВАЦИ 2005 21 5 5 11 19 28 -9 20
13 ГФК ВАРДАР Неготино 21 6 2 13 26 41 -15 20
14 ГФК ОСОГОВО 21 4 4 13 19 38 -19 16
15 ФК БОРЕЦ 1919 АД 21 2 4 15 12 38 -26 10
16 ФК ВАРДАРСКИ 21 2 2 17 15 57 -42 8

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора женска фудбалска лигаФудбал

Јанчева ќе им суди на Плачковица и Кочани, Спасова главна во Велес, Максимовска патува во Македонски Брод

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите одложени натпревари со кои ќе се комплетира 10. коло на Втората женска фудбалска...

Трета лигаФудбал

ОФИЦИЈАЛНО: Службена победа за Тетекс за прекинатиот меч со Влазерими – „штофарите“ осамени на врвот во Трета лига – Запад

Прекинатиот меч меѓу Тетекс и Влазерими од 14. коло на Третата македонска фудбалска лига – Запад, го доби својот епилог. Тетекс со службен...

Поврзани написи
Фудбал

Хуманитарен меѓународен натпревар за настраданите во Кочани: ФК Бигорски против Пут на Свету Гору од Србија

Утре во Скопје ќе се одигра хуманитарен меѓународен натпревар за настраданите во...

Втора лигаФудбал

Хендикеп за Охрид пред гостувањето со Новаци, радовишани без клучен играч гостуваат во Неготино!

Утре ќе бидат одиграни натпреварите од 22. коло на Втората македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!