Турнири

Во тек е пријавувањето за 3. издание од Меѓународниот фудбалски турнир „Некст Левел 2025“ во Охрид!

Сподели
Сподели

Во тек се пријавите за за новото трето издание од Меѓународниот фудбалски турнир „Некст Левел“, кој се одржува во Охрид, на терените на СРЦ „Билјанини Извори“.

По две успешни изданија на овој голем фудбалски спектакл во Охрид, следува трето издание кое ќе се одржи во период од 13. јуни до 16. јуни 2025 година.

Според пропозициите на „Некст Левел 2025“ може да пријавите екипа во генерации 2012/2013 каде се игра во формат 8+1 на терен 55х40 метри, во генерации 2014/2015 каде се игра во формат 7+1 на терен 45х30 метри и во генерации 2016/2017 во формат 6+1 на на терен со димензии 45х25 метри.

Ќе се игра едно полувреме од 30 минути, со тоа што на 15 минути ќе има тајм-аут.

„Некст Левел 2025“ ќе прима екипи покрај од Македонија и од Хрватска, Бугарија, Србија и Црна Гора.


Спортска Мрежа ќе биде медиумски покровител на овој спортски настан, а во следниот прериод преку емисии и разговори ќе го најавуваме овој голем фудбалски настан кој ќе се одржува трета година по ред, дополнително ќе најавуваме и други изненадувања поврзани со „Некст Левел 2025“.

Екипа може да пријавите на +389 72 264 509 – Марино, како и на marino.markoski@gmail.com

Ве очекуваме и се гледаме на СРЦ „Билјанини Извори“ во Охрид.

Спортска Мрежа и на првите две изданија во 2023 и 2024 година беше медиумски покровител на овој спортски настан, а оваа година како медиумски покровител воведуваме многу новитети, наскоро повеќе детали.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Јован Гетов постигна 12 гола: Партизан го совлада Овче Поле

Благодарение на расположениот Јован Гетов тимот на Партизан славеше со 35:33 над Овче Поле од Свети Николе во меч од 13. коло на...

Трета лигаФудбал

Превалец е есенски шампион во Трета лига – Југ, Росоман со победа ја заврши 2025 година!

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ, откако во последното есенско коло со 1:8 го декласираше „фенерџијата“...

Поврзани написи
Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со...

Турнири

ФОТО: Силна конкуренција на „Стојаково 2025“ – вечерва започнува фудбалската магија!

Овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ ќе биде неизвесно,...

Турнири

Пријавувањето за турнирот „Стојаково 2025“ влегува во финиш – побрзајте!

Традицијата продолжува, а интересот расте – остануваат уште само две дена до...

ТурнириФудбал

Пандев и легендите на Македонија ќе настапат на престижниот турнир Куп на Конфедерации во Рим

Поранешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, Горан Пандев, заедно со уште неколку...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!