Младински фудбалФудбал

ФОТО: Фудбалскиот терен во Куклиш блесна во полн сјај – ФК Интер Кукла со одличен план за инфраструктура!

Сподели
Сподели

Фудбалскиот терен во Куклиш, кој со години беше запуштен, сега повторно блеска во полн сјај, како што му доликува на едно спортско игралиште.

Со формирањето на ФК Интер Кукла, не само што фудбалот се враќа во ова место, туку и теренот доби целосна реконструкција која беше неопходна, благодарение на посветеноста на раководството на клубот.

Извршено е темелно чистење на теренот, обновени се соблекувалните, а клубот инвестира и во набавка на нова опрема и реквизити за тренинг. Младите фудбалери сега имаат на располагање сè што е потребно за квалитетни тренинзи и одигрување натпревари.

ФОТО: Каков беше терен и соблекувалните во минатото, како изгледа сега

Соблекувалните се целосно реновирани како однадвор, така и одвнатре, а тревникот редовно се одржува за да обезбеди најдобри услови за игра. Со оваа иницијатива, Куклиш повторно станува важно фудбалско жариште, создавајќи нови можности за младите спортски таленти.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Некатегоризирано

Камлес Градба однесе две високи победи, Капе Верде со висок пораз во Чардаклија

Екипата на Камлес Градба забележа две победи вечерва на Меморијалниот турнир „Влатко Петров“ во Чардаклија, откако на првото меч со 6:4 го доби...

Турнири

Фреигхт Оне во моќно издание на турнирот во Ораовица, Вергови постигна девет гола за убедлива победа

Нови натпревари, нови возбудувања и многу погодоци и вечерва на турнирот во мал фудбал „Ораовица 2026“, а екипата на Фреигхт Оне однесе две...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Тодоровски: Ова е многу важен триумф за нас, успеавме да ја надиграме Брегалница

Вардар победнички ја отвори новата сезона во која ќе ја брани титулата,...

Втора лигаФудбал

Кожуф минимално го доби Новаци на пријателски меч, Ашовалиев стрелец на погодокот

Второлигашите Кожуф и Новаци одиграа пријателски натпревар кој заврши со минимална победа...

Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица се засили со Зоран Андонов и Асан Рифадов

Второлигашот Детонит Плачковица од Радовиш продолжува со екипирање на тимот за новата...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!