Прва женска фудбалска лигаПрва лигаФудбал

ФОТО: ФИФА со забрани за трансфери на три македонски клуба: Шкупи и Воска Спорт, но сега и ЖФК Љуботен!

Сподели
ФОТО: ФК Воска Спорт
Сподели

Македонските клубови повторно се најдоа во фокусот на ФИФА, откако беа изречени забрани за трансфери за три прволигаши – два во машка и еден во женска конкуренција.

Шкупи и Воска Спорт добија санкции и се најдоа на „црната листа“ на ФИФА, што значи дека нема да можат да регистрираат нови играчи во следните три преодни рока. Забраната за Шкупи стапи на сила на 12 март, додека Воска Спорт ја доби на 28 февруари. Најверојатно, станува збор за долгови кон странски играчи, што претходно беше причина за вакви санкции, но тогаш двата клуба ги решија овие проблеми и забраните беа повлечени.

Изненадување е тоа што на оваа листа се најде и ЖФК Љуботен, актуелниот македонски шампион во женска конкуренција. Тетовскиот клуб доби забрана на 26 февруари и нема да може да регистрира нови фудбалерки во следните три преодни рока.

Со оглед на тоа што забраните се активни од март, трите клуба нема да можат да ангажираат нови играчи сè до 2027 година, односно до зимскиот преоден рок во јануари.

ФИФА не соопшти официјални причини за санкциите, но најверојатно тие се резултат на насобрани долгови од неисплатени плати кон играчи.

Сподели

Не пропуштајте

ФудбалФутсал

Проект со девет гола го декласираше Железарец, Кеги Моби ја доби голеадата со Бутел

Шампионот Проект со девет гола го декласираше повратникот Железарец, кој е поранешен шампион на Македонија со резултат од 9:0 во рамките на 5....

ФудбалФутсал

Балкан убедлив против Фудбал Старс, четири гола за Јусуф Сулејмани, хет-трик за Пајтим Реџепи

Петтото коло на Втората футсал лига беше затворено со големата победа на ланскиот прволигаш Балкан, кој на домашен терен со 12:6 славеше над...

Поврзани написи
ФудбалФутсал

Проект со девет гола го декласираше Железарец, Кеги Моби ја доби голеадата со Бутел

Шампионот Проект со девет гола го декласираше повратникот Железарец, кој е поранешен...

ФудбалФутсал

Балкан убедлив против Фудбал Старс, четири гола за Јусуф Сулејмани, хет-трик за Пајтим Реџепи

Петтото коло на Втората футсал лига беше затворено со големата победа на...

ФудбалЧетврта лига

По речиси една деценија се одигра локално дерби во радовишко – Готен и Слога ги поделија бодовите во Подареш!

По речиси една деценија пауза, радовишкиот фудбал повторно доби локално дерби! На...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!