ФудбалФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија се собра и ги започна подготовките за мечевите со Лихтенштајн и Велс

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

После големата трагедија која се случи во Кочани, каде животот го загубија 59 лица, репрезентативците на Македонија денес се собраа во Скопје на стартот од квалификациите за Светското првенство кое се игра во 2026 година во Соединетите Американски Држави, Мексико и Канада.

„Обединети во тагата! Со срце исполнето со болка и спомен ја споделуваме тагата со семејствата и блиските на настраданите. Нивниот светол дух ќе живее во нас. Нека почиваат во мир“, стои во објавата на ФФМ.

Денес беше одржан и првиот тренинг за саботниот меч со Лихтенштајн, а со оглед на големата трагедија која се случи во Кочани, сите медиумски активности на репрезентацијата ќе бидат сведени на минимум.

Македонија во сабота ќе се соочи со Лихтенштајн, а во вторник ќе игра со Велс.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!