ФудбалФутсал

Кратово го декласираше Партизан Југ, Балкан убедливо го „тресна“ лидерот Мал Ајакс, убедлива победа за СЕЕ Университи

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Само три натпревари беа одиграни од шест во Втората футсал лига, откако останати беа одложени односно не беа одиграни поради големата трагедија која се случи Кочани, каде во пожар кој се случи во дискотека животот го загубија 59 лица.

Балкан со убедливи 6:2 го доби лидерот Мал Ајакс од Штип, со што екипата на Балкан забележува важна победа на патот кон Првата лига.

Јусуф Сулејмани постигна три гола за Балкан, а по еден гол постигнаа Пајтим Реџепи, Ерол Далип и Џељал Мјаку, додека шак за штипскиот тим стрелци беа Иса Дурмишов и Теодор Нанков кој беше двоен стрелец.

Кратово со убедливи 8:0 го декласираше тимот на Партизан Југ од Брвеница во спортскат сала „Софија Петровска“ во Пробиштип.

Двојни стрелци за кратовскиот тим беа Димитар Стојановски, Христијан Атанасов и Горан Арсовски, додека пак Кевин Јакимов и Давид Стојановски беа стрелци на по еден гол.


СЕЕ Университи на домашен терен однесе убедлиа победа од 10:4 над ССК Скопје. По два гола за домашниот тим за убедлива победа постигнаа Гезим Азизи, Едис Муртезани и Ермал Љиворека, додека пак по едне гол постигнаа Амин Шаќири, Адис Фетаи, Зеќирија Османи и Агон Хашими.

За гостинскиот тим двапати погоди Спасе Здравевски, а по еден гол постигнаа Илија Алексовски и Дамјан Ѓуроски.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останати репрезентацииРепрезентација

Сара Митевска се пласира во осминафиналето на ЕП во Парма

Македонската тенисерка во третото коло ја совлада Унгарката Емеше Серкеди со 2-1 во сетови. Митевска одлично го започна мечот и го освои првиот...

Прва лигаФудбал

Куп: Третолигашот Могила против фаворитот Арсими, Ненад Тодоровски ќе дели правда

Утре ќе биде одигран натпреварот од 1/16 финале од Купот на Македонија меѓу третолигашот Могила и прволигашот Арсими. Мечот ќе се одигра во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Куп: Третолигашот Могила против фаворитот Арсими, Ненад Тодоровски ќе дели правда

Утре ќе биде одигран натпреварот од 1/16 финале од Купот на Македонија...

ФудбалФутсал

Девет екипи во Втората футсал лига, дебитант е Шутка 1, во првото коло дерби на Мал Ајакс и Овче Поле

Во новата сезона на Втората футсал лига ќе се натпреваруваат девет екипи,...

Втора женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Борец и ЖФК Слободен згаснаа, ЖФК Инфинити од Охрид не го дочека своето деби

Новата сезона во Втората женска фудбалска лига започнува овој викенд, но пред...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!