Кошарка

Кошаркарската федерација на Македонија ги одложи сите натпревари за денес

Сподели
Сподели

Од Кошаркарската федерација на Македонија преку соопштение информираат дека се одложени сите натпревари од сениорски и младински лиги кои беа закажани за денес, поради тратедијата која се случи во Кочани.

Ноќеска во Кочани се запали дискотека во која животот го загубија најмалку 51 лице.

„Длабоко сме потресени од трагичната несреќа во Кочани во која животот го загубија десетици млади луѓе. Во овие тешки моменти, нашите мисли и милитви се со семејствата и блиските на настраданите. Изразуваме најискрено сочувство и поддршка. Поради големата трагедија во Кочани, сите натпревари од сениорски и младински лиги закажани за денес, 16.03.20225, недела се одложуваат“, се вели во соопштението на Кошаркарската федерација на Македонија.

Денес простор за спорт нема и сите натпревари и спортски настани се откажани.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Кои екипи ќе ја водат битката за шампионската титула во Трета лига – Југ?

Екипата на Превалец е есенски шампион во Третата македонска фудбалска лига – Југ со учинок од десет победи, едно реми и еден пораз,...

Ракомет

Шоу на Анастасија Сентовска со 14 гола – Овче Поле СУ ја декласираше Јехона!

Ракометарките на Овче Поле Славјански Универзитет со убедливи 33:10 го декласираше тимот на Јехона, во меч од 11. коло каде уште од самиот...

Поврзани написи
Кошарка

Фаворитите според планот: Баскет Кам и Крива Паланка убедливи, Патриот со нов пораз!

Седмото коло од Првата женска кошаркарска лига донесе доминација на фаворитите и...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг...

Кошарка

Гевгелија го пречекува незгодниот ривал Шар Планина во дербито на колото

Во машката Аматерска лига викендов ќе се одиграат натпреварите од 6. коло,...

Кошарка

ФОТО: Работнички добива модерна сала по ФИБА стандарди!

Кошаркарскиот клуб Работнички добива сосема нов, современ дом – реконструираната сала во...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!