Трета лигаФудбал

Мартиновски ќе им суди на Света Троица и Сатеска, Зекмановски главен во Мешеишта

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Утре започнува пролетната полусезона во Третата фудбалска лига – Југозапад, овој регион последен го започнува пролетниот дел.

Полусезоната требаше да започне минатиот викенд, но поради промена на седиштето од ОФС Охрид во ОФС Битола и поради средување на административни работи, мораше да има одлужување од една недела.

Но, пред почетокот на пролетниот дел екипата на Светлост од Кукуречани се откажува од понатамошно натпреварување, па така лидерот Преспа од Ресен ќе биде слободен, бидејќи Преспа требаше да игра со Светлост, а за овој меч нема делегирано ниту едно официјално службено лице.

Останатите судии се познати кои ќе треба да ја делат правдата, сите мечеви ќе започнат во 15 часот, освен мечот во Охрид меѓу Света Троица и Сатеска од Волино кој започнува во 15:30 часот.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 12. КОЛО ТРЕТА ЛИГА – ЈУГОЗАПАД:

Демир Хисар – Кораб, Александар Крстевски (Битола) 15:00 часот
Светлост Кукуречани – Преспа, /
Света Троица – Сатеска Волино, Александар Мартиновски (Охрид) 15:30 часот
Влазними – Караорман, Ѓорѓи Лаброски (Струга) 15:00 часот
Кравари – Евротип, Анѓеле Спироски (Струга) 15:00 часот
Славеј Мешеишта – Велешта, Енис Зекмановски (Ресен) 15:00 часот

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!