Прва женска фудбалска лигаФудбал

Шампионот Љуботен ја претстави Мариан Огочукву Охадиве, Нигеријката ќе дебитира во дербито со Тиверија Брера

Сподели
Сподели

Актуелниот шампион Љуботен за пролетнито дел од Првата женска фудбалска лига ја претстави Нигеријката Мариан Огочукву Охадиве.

21-годишната фудбалерка во Тетово доаѓа од ревотеи на РФС од Латвија, а има искуство и во турската Суперлига, а има настапувано и во Лигата на шампионот за тимот од Латвија.

„Со Мариан добиваме уште поголема убоитост во нападот и со сигурност може да помогне како технички, тактички и агресивност на сите позиции, спремна е за предизвиците кои ни следат во престојната полусезона и веднаш ќе му се стави на располагање на тренерот и тимот за престојниот дерби натпревар, а се надеваме заедно до одбрана на титулата! Се надеваме дека маката околу добивање на визата ќе се исплати и заедно со многу победи и голови ќе го заборавиме сиот стрес изминатиов период“, велат од клубот.

Охадиве своето деби за новиот клуб ќе го има веќе в недела, кога Љуботен во Тетово ќе ја пречека Тиверија Брера од Струмица, во соочување каде ќе се решава за првото место и тулата.

Тиверија Брера е прва со 38 бодови, а пак Љуботен е втор со 37 бодови.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Боjаниќ се врати во Охридската Тврдина: „Чудно е да се загревам на спротивната страна“

Средбата со поранешниот клуб секогаш носи посебни емоции, а за Владимир Боjаниќ гостувањето во Охрид беше прилика повторно да се врати во салата...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

(ФОТО) Растодер постигна гол, Мекгин пресуди од пенал: Македонија поразена во Глазгов

Македонската фудбалска репрезентација загуби од Шкотска со 2:1 на „Хампден парк“ во Глазгов, во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Избраниците...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!