Втора лигаФудбал

ТАБЕЛА: Станува „комплицирано“ за местата кон Прва лига, Вардарски, Борец и Осогово околу баражот!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Вчерашното 20. коло на Втората лига ги направи работите да бидат уште повеќе „комплицирани“ околу местата за влез во Првата лига.

Македонија ЃП е лидер со 45 бодови, но толку сега има и Башкимии кој е втор на табелата, што значи овие две екипи се израмнети на табелата, а пак во бараж зоната со 43 бодови е Брегалница. Покрај овие три екипи во трката за местата кон Прва лига влегува и Арсими кој е на 4. место со 39 бодови. Не е голема разликата од четвртото до првото место, ако се знае дека првите две места обезбедуваат директен влез во Прва лига, а третото место игра бараж за можен влез во Прва лига.

„Лавовите“ не се во тој победнички ритам како во есенскиот дел и прокоцнаа голема бодовна залиха, па сега се втурнаа во ситуација каде веќе немаат право на грешка.

Македонија ЃП, Башкими, Брегалница и Арсими ќе бидат екипите кои веќе се одвоија и ќе водат борба за влез во Прва лига.

Од петтото место па до десеттото место каде што е Беласица веќе има конфорна зона каде овие екипи немаат загрозен опстанок и ќе имаат мирна завршница од сезоната.

Саса е петта со 32 бодови, Охрид е шестти со 31 бод, а по 30 бодови имаат Детонит Плачковица, Скопје и Кожуф, а пак Беласица е десетта со 25 бодови.

Победа е на 11. место со 21 бод, а по 20 бодови имаат Новаци и Вардар Неготино. Во бараж зоната е Осогово со 13 бодови, а во зоната за директно испаѓање во Трета лига е Борец како претпоследен со 10 бодови и Вардарски кој е на дното со осум бодови.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД 20 14 3 3 37 8 +29 45
2 АД ФК Башкими 1947 Куманово 20 14 3 3 33 15 +18 45
3 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 20 13 4 3 30 17 +13 43
4 ФК АРЕСИМИ-1973 20 12 3 5 33 18 +15 39
5 ФК КАМЕНИЦА САСА 20 9 5 6 34 24 +10 32
6 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 20 9 4 7 25 23 +2 31
7 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 20 7 9 4 27 19 +8 30
8 ФК СКОПЈЕ АД 20 7 9 4 24 17 +7 30
9 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 20 7 9 4 21 15 +6 30
10 ФК БЕЛАСИЦА АД 20 6 7 7 22 23 -1 25
11 ФК ПОБЕДА АД 20 6 3 11 23 29 -6 21
12 ЗФК НОВАЦИ 2005 20 5 5 10 19 25 -6 20
13 ГФК ВАРДАР Неготино 20 6 2 12 24 36 -12 20
14 ГФК ОСОГОВО 20 3 4 13 16 37 -21 13
15 ФК БОРЕЦ 1919 АД 20 2 4 14 11 35 -24 10
16 ФК ВАРДАРСКИ 20 2 2 16 15 53 -38 8

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска лига, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Големо...

Ракомет

Ѓорче Петров како на тренинг против Астибо – триумф со 18 гола разлика!

Лесна, убедлива и рутинска победа за шампионот Ѓорче Петров, откако со 38:20 го доби Астибо во меч од 18. коло на ракометната Супер...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

🔴 Во ЖИВО: Натпреварите од 21. коло на Втора лига

Денес со седум натпревари ќе биде отворено 21. коло во Втората фудбалска...

Втора лигаФудбал

Како може Вардар Неготино до бараж за опстанок во Втора лига?

Десет кола до крајот, 30 бодови во игра и нов тренер –...

ИнтернационалциФудбал

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски останува во Борац до 2027

Македонскиот репрезентативен голман Дамјан Шишковски и официјално ја продолжи соработката со Борац...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!