ФудбалФутсал

Овче Поле со тесна победа против ССК Скопје, Каршиака го декласираше Енхалон, хет-трик за Рамадани!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Со два натпревари вчера беше отворено 15. коло на Втората футсал лига, а кое ќе се комплетира со натпревари кои се играат денес и утре.

Ланскиот прволигаш Овче Поле со 2:3 славеше триумф против ССК Скопје. На полувреме тимот од Свети Николе имаше предност од 1:2, откако Лука Наумов и Давид Бојковски погодија 0:2, а пак за домашниот тим гол постигна Стефан Богдановски. Во вториото полувреме Христијан Илиевски постигна гол за 1:3, а пак Богдановски со втор гол во финишот ги постави конечните 2:3.

Ехналон на домашен терен во целост беше декласиран и надигран од Каршиака со резултат од 4:12.

За стружани двојни стрелци беа Бојан Јанкоски и Љубиша Баткоски. За гостинскиот тим хет-трик постигна Џезаир Рамадани, двојни стрелци беа Нехат Емини, Енис Ибраими и Хамза Садики, а по еден гол постигнаа Фуркан Ќани, Енис Мемеди и Амар Мемеди.

Денес Кораб на домашен терен игра со Кратово, Мал Ајакс против Карадаку, Победа против фаворитот Балкан во Прилеп, а колото ќе се затвори утре со мечот меѓу Конзули и Сее Университи, меч кој се игра во Демир Хисар.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

(ФОТО) Охрид го совлада Младост и се израмни со Пелистер на второто место – богданчани без изненадување кај „гладијаторите“!

Охрид забележа нов триумф во ракометната Суперлига совладувајќи го Младост од Богданци на домашен терен со 24:20, во меч од десеттата рунда. „Гладијаторите“...

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Милованова: Против Естонија одиме само напред со желба за успех!

Женската сениорска кошаркарска репрезентација на Македонија ги продолжува настапите во ноемврискиот циклус од претквалификациите за Евробаскет 2029. По одиграниот натпревар против Романија во...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!