Втора лигаФудбал

Ќе биде „жешко“ во Богданци, Борец ќе има поддршка од трибините: Навивачи од Велес доаѓаат со организиран превоз!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Денес во Богданци се игра дербито од дното за опстанок на Вардарски и Борец, дерби од капитална важност и за двете екипи за опстанок.

Дербито се вжештува со тоа што Борец ќе има поддршка од трибините, од Велес со организиран превоз доаѓаат навивачи да му даде поддршка на својот миленик во битката да се добијат трите бодови против Вардарски и со тоа тимот оди чекор напред и за директен опстанок.

„Почитувани, за сите оние кои сакаат да присутвуваат на натпреварот ФК Вардарски – ФК Борец 1919 во Богданци, има организиран превоз. Автобусот поаѓа во 11:55 од паркингот позади „Гимназија Кочо Рацин“, се вели во соопшението на Борец.

Натпреварот меѓу Вардарски и Борец ќе започне во 14 часот, а ова ќе биде дерби на две екипи кои се во опасната зона за директно испаѓање.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Седлоски ги откри картите за Шкотска: Македонија со офанзивно трио на „Хампден парк“

Познати се стартните состави за вечерашната пресметка меѓу Шкотска и Македонија во петтото коло од Б-сегментот на Лигата на нациите. Селекторот Гоце Седлоски...

Ракомет

Еурофарм Пелистер вечерва убедливо славеше над Тиквеш

Вицешампионот Еурофарм Пелистер забележа убедлива победа над Тиквеш над домашен терен славејќи триумф од 37:26 со што битолчани стигнаа до својата осма сезонска...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!