Младински фудбалФудбал

Укината забраната за публика за натпреварите во ФФМ Детска лига

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Фудбалската федерација на Македонија најавува почеток на втората полусезона во ФФМ Детска лига – натпреварување каде што најмладите таленти имаат можност да ја покажат својата љубов кон фудбалот, да учат, да се забавуваат и да го градат спортскиот дух.

Важна информација за продолжението на натпреварите во Детска лига –  родителите и поддржувачите повторно ќе можат да ги следат натпреварите на трибините на тренинг центарот „Петар Милошевски“ и да уживаат во моментите кога нивните деца ги прават првите чекори во фудбалскиот свет. Се со цел да создадеме позитивна и пријателска атмосфера, ги повикуваме сите присутни да го почитуваат спортскиот дух и фер-плејот, не само на теренот, туку и надвор од него.

Порака до родителите и тренерите на екипите од одделот во ФФМ задолжен за организација на Детската лига:

Фудбалот е повеќе од игра – тоа е лекција за тимска работа, почит и напорна работа. Децата најдобро учат кога играат во средина исполнета со поддршка, а не со притисок. Затоа, Ве охрабруваме:

•     Навивајте со почит кон сите играчи, тренери и судии.

•     Бидете позитивен пример – прифатете ги резултатите со спортски дух, без навреди и негативни коментари.

•     Оставете ги децата да уживаат во играта, без непотребни притисоци и очекувања.

•     Запомнете дека секое дете има свој степен на развој – поддржете го во неговиот напредок.

Оваа лига е создадена за нив. Да учат, да напредуваат и да ја сакаат играта. Ве охрабруваме заедно да создадеме средина во која ќе растат како спортисти и како личности!

Ви благодариме за разбирањето и поддршката!

Од викендот на натпреварите во Детска лига се воведуваат неколку нови, но значајни промени во правилата.

1. Правилото шут на гол од центар се укинува, при изведување на топката од центар мора да се додаде на противник, во спротивно топката ќе се додели на противничка екипа;

2. Голман, при гол аут или фатена топка мора да изигра во сопствена половина. Нема право да префрли преку центар;

3. Офсајд останува за Детска лига само за генерација само со генерација 2012;

4. Секоја генерација своите натпревари ќе ги играаат на свои терен обележан во различни бои;

Сподели

Не пропуштајте

Турнири

(ФОТО) Три дена фудбал, дружење и таленти: Успешно заврши 7. Меморијал „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки“

Успешно заврши седмото издание на меморијалниот турнир „Трофеј Трајан Куља-Црнобуки 2026“, кој од 14 до 16 август се одржа во Црнобуки и понуди...

Трета лигаФудбал

Големо Коњари со три победи на подготовките, Зоран Даноски нов тренер на ланскиот второлигаш

Ланскиот второлигаш Големо Коњари одлично го започна подготвителниот период за новата сезона, забележувајќи три победи во исто толку одиграни пријателски натпревари. Екипата најпрво...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Големо Коњари со три победи на подготовките, Зоран Даноски нов тренер на ланскиот второлигаш

Ланскиот второлигаш Големо Коњари одлично го започна подготвителниот период за новата сезона,...

ФудбалЧетврта лига

ФК Готен се подготвува за новата сезона – клубот од Подареш се реактивира

По неколку години пауза на фудбалската карта на Македонија одново ќе дејствува...

ИнтернационалциФудбал

Дарко Велковски замина од Вардар, македонскиот репрезентативец ќе игра во Бахреин

Дарко Велковски има нов предизвик во кариерата. Искусниот македонски дефанзивец го напушта...

Прва лигаФудбал

ВИДЕО: Шкендија остана максимална во ПМФЛ, Ибраими од пенал донесе победа над Струга

Шкендија продолжува со перфектен учинок во новата сезона од Првата македонска фудбалска...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!