ФудбалФудбалска репрезентација

Масар Омерагиќ: Со федерациите од регионот делиме слични предизвици

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Во Сараево, Фудбалската федерација на Македонија учествуваше на регионален состанок на фудбалските функционери, претседатели и генерални секретари од асоцијациите на Југоисточна Европа, на кој присуствуваа високи гости од Европската фудбалска асоцијација (УЕФА), меѓу кои и претседателот Александар Чеферин и директорот на националните асоцијации Зоран Лаковиќ.

Фудбалската федерација на Македонија ја претставуваа претседателот, Масар Омерагиќ и генералниот секретар, Дрилон Ганиу.

“Со федерациите од регионот делиме слични предизвици и затоа нашето учество на регионалните состаноци е значајно. Исто така, секогаш е корисно да споделиме искуства, да разговараме и бараме решенија за одредени прашања. Заедно со колегите од регионот дискутиравме за различни прашања кои се однесуваат на Националните првенства, споделување податоци околу стратешките цели и финансиски анализи, потоа предизвици околу судењето итн. Особено нѐ радува поддршката која ја имаме од УЕФА и претседателот Александар Чеферин. Следниот состанок ќе го имаме на Конгресот на УЕФА во Белград и остануваме посветени на целите кои ќе донесат напредок за македонскиот фудбал”, вели претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ.

Сподели

Не пропуштајте

Кошаркарска репрезентацијаРепрезентација

Штип носи прва шанса за поправен: Македонија против Естонија во трката за следната рунда

Женската кошаркарска репрезентација на Македонија в сабота, на 14 ноември од 18 часот, ќе ја пречека Естонија во спортскиот центар „Џексон“ во Штип....

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!