ФудбалФудбалска репрезентација

Убедлива победа од пет гола на женската фудбалска репрезентација на Македонија до 17 години против Молдавија!

Сподели
ФОТО: ФФМ
Сподели

Женска репрезентација на Македонија до 17 години денес оствари убедлива победа со резултат од 5:0 против селекција на Молдавија во рамките на првото коло од квалификацискиот турнир за Европското првенство кој се одржува во Скопје.

На тренинг центарот „Петар Милошевски” во Скопје, избраничките на Катерина Милеска одиграа фантастичен натпревар каде доминираа во сите сегменти од играта и повеќе од заслужено ја забележаа оваа висока победа.

Хет-трик на натпреварот постигна Настасја Накова, која беше најдобар играч на натпреварот. Накова во 29. минута погоди за 1:0 на полувреме. Во вториот дел од мечот Накова во 51. минута беше прецизна за 2:0, а само три минути подоцна Калина Попески постигна гол за 3:0.

Во 66. минута од натпреварот Ева Величкова погоди за 4:0 во 66. минута од натпреварот, а пак во 77. минута Накова постигна гол за нејзин хет-трик и конечни 5:0.

Во среда на 12. март Македонија на тренинг центарот „Петар Милошевски“ ќе игра против Словенија, а претходно на 9. март Молдавија и Словенија ќе играат меѓусебно со почеток од 13 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!