Прва лигаФудбал

Брера Струмица ќе бара прва пролетна победа, скопско дерби на Работнички и Вардар, супер дерби покрај езерото!

Сподели
ФОТО: ФК Воска Спорт
Сподели

Денес се играат натпреварите од вонредното 22. коло на Првата македонска фудбалска лига, а кое коло го носи скопското дерби на Работнички и Вардар, каде „романтичарите“ сакаат победа и три бодови во трката за титула и Европа, а пак „вардарци“ ќе бараат три бодови во борбата за сигурен опстанок во елитата.

Дерби покрај езерото ќе се игра меѓу шамионот Струга Трим Лум и Шкендија. Дерби каде стружани со новиот тренер Илчо Ѓорѓиоски ќе бараат излез од резултатската криза, откако шампионот нанижа три порази во низа и сега има негатива од 14 бодови во однос на лидерот Шкендија и веќе го губи чекорот за одбрана на титулата.

Тимот од Тетово е во победнички ритам со три победи во низа и обезбедено полуфинале во Купот на Македонија, па Шкендија оди на атак на двојната титула.

Брера Струмица никако да победи во пролетниот дел и се мачи да обезбеди цел „плен“ и да ја одржува бодовната предност во однос на зоната за директено испаѓање во Втора лига. Новиот кормилар Тони Атанасов и натаму нема триумф со Брера во шампионатот, откако забележа реми и два порази во низа. Денес Брера ќе игра против фаворитот Гостивар, каде одново тимот на Атанасов го очекува тежок меч. Гостивар цели само кон три бодови во трката за титулата.

Тиквеш нанижа да порази, нема триумф во пролетниот дел, а против Шкупи одново ќе му биде тешко да дојде до три бодови. Шкупи е во победничка форма со пет од пет и оди на шеста победа во низа во Кавадарци. Само три бодови ќе бидат опција на Тиквеш, со бод можеби до некаде ќе се задоволи,но со формулата бод по бод ќе биде навистина тешко да се обезбеди опстанок.

Пред Беса исто така ќе биде тежок натпревар на домашен терен против Силекс. Трите бодови се императив и на двете страни, Беса сака опстанок, а со триумф може да излезе од опасната зона во зависност од резултатите на конкурентите, но и да не излезе од опасната зона значително ќе се доближе. Предност за Беса е што шефот на стручниот штаб Горазд Михајлов во минатото го водеше Силекс и одлично го познава тимот и самата атмосфера и игра. Силекс сака да ја донесе титулата во Кратово, а за да ја донесе ќе треба да победува, затоа денес цели кон три бодови.

Пелистер ја пречекува Воска Спорт во меч на две екипи кои би требало да понудат неизвесно соочување на теренот во Битола. Срѓан Захариевски кој го води Пелистер, во ланската сезона ја водеше Воска Спорт, со која играше финале во Купот на Македонија. Пелистер сака триумф за да се зацврсти во средината од табелата, а за охриѓани кои се разиграни трите бодови ќе значат и прогрес на табелата, ако Брера не забележе позитивен резултат.

Сите шест натпревари од денешното вонредно 22. коло започнуваат во 14 часот.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

РК Радовиш промени тренер, но се врати на поразите! Пред радовишани е сериозен предизвик за опстанок!

Ракометниот клуб Радовиш ќе биде ставен пред сериозен предизвик да го сочува суперлигашкиот статус и за следната сезона, радовишани се на дното од...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Меѓународен пријателски натпревар на прволигашот Речица со српски Машинац од Ниш

Женскиот фудбалски клуб Речица денес со почеток од 15 часот ќе одигра Меѓународен пријателски натпревар со екипата на Машинац од Ниш, Србија. Ова...

Поврзани написи
ФудбалЧетврта лига

На 23 март започнува пролетниот дел во Општинската фудбалска лига во Охрид

На 23 март започнува пролетната полусезона во Општинската фудбалска лига во Охрид...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!