Прва женска фудбалска лигаФудбал

ВИДЕО: Петрушевска ја шокираше Тиверија Брера, Атлетико до голем бод, Хава Мустафа се „распука“ во Битола!

Сподели
Сподели

Првото пролетно коло на Првата женска фудбалска лига донесе изненадувања, фаворитите „кикснаа“, а тоа за нив ќе значи опомена ако сакаат титула.

Истатов предводен од искусниот стратег Кирил Изов откина бодови од лидерот Тиверија Брера, откако двете екипи одиграа 1:1. Одличен натпревар на Истатов за што тимот од Струмица се мачеше за да дојде до погодок.

Во 82. минута од мечот беше отворен резултатот откако Тчеури Харуми Гоја стрелаше за 0:1 со што Тиверија Брера поведе на мечот кој се играше во Пржино. Но, радоста кај тимот предводен од Славе Велков не траеше долго, откако Кристина Петрушевска во 89. минута ја стресе мрежата на Тиверија Брера за конечни 1:1 откако претходно одлично ја прими топката и успешно погоди.

 

ФОТО: Екипата на Истатов после големиот бод против лидерот Тиверија Брера

Ова е голем бод за Истатов, но од друга страна и знак на претпазливост за Тиверија Брера дека ја очекува многу борба ако сака да ја донесе титулата во Струмица.

  • ГОЛОВИТЕ ОД НАТПРЕВАРОТ ИСТАТОВ – ТИВЕРИЈА БРЕРА:

Тоа што го најавувавме пред почетокот на пролетниот дел се оствари, Каменица Саса на домашен терен се „сопна“ откако Атлетико со добра игра извлече бод од фаворитот и тоа на гостински терен во Македонска Каменица во меч без погодоци за конечни 0:0.

Ова е голем бод за Атлетико ако се земе фактот што тимот не беше комплетен со неколку искусни фудбалерки како Мила Талевска, новото засилување Анита Гоцевска, Сандра Триста и Симона Тасева.

ФОТО: Екипата на Атлетико после големиот освоен бод во Македонска Каменица

Враќањето на овие три искусни фудбалерки во следните натпревари ќе биде повеќе од важен момент за тимот од Битола кој го води Никола Гелевски.

Шампионот Љуботен ги искористи киксовите на конкурентите за титула екипите на Тиверија Брера и Каменица Саса, па на гостувањето во Битола со убедливи 0:8 го декласираше Топ Гол и се доближи до врвот од табелата.


Шампионот од Тетово немаше воопшто мака во Битола и го торпедираше противникот сосема очекувано. Икусната репрезентативка Хава Мустафа со четири голови ја „искина“ мрежата во Битола, хет-трик имаше Екатерина Фролова, а еден гол постинга Александар Марковска.

Речица забележа голема победа од 4:1 над струшки Ас Јунајтед со што домаќинот на своето конто додава три многу важни и големи бодови.


Емили Митковска имаше хет-трик за домашниот тим, а еден гол постигна Теодора Настаова, а пак за гостинот од Струга единствен стрелец беше Оливер Цоклеска.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ПРВАТА ЖЕНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА:

Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ЖФК ТИВЕРИЈА БРЕРА АД 14 12 2 0 69 6 +63 38
2 ЖФК ЉУБОТЕН 13 11 1 1 55 9 +46 34
3 ЖФК КАМЕНИЦА САСА 14 11 1 2 46 10 +36 34
4 ЖФК СКОПЈЕ 2014 13 8 0 5 27 17 +10 24
5 ЖФК СЦ ИСТАТОВ 2015 Скопје 13 5 2 6 19 32 -13 17
6 ФК АТЛЕТИКО/ЖФК 13 2 2 9 11 31 -20 8
7 ФК ТОП ГОЛ/ЖФК 13 2 2 9 11 35 -24 8
8 ФК АСС УНИТЕД/ЖФК 13 2 0 11 20 42 -22 6
9 ЖФК РЕЧИЦА 14 2 0 12 12 88 -76 6
10 ЖФК ШКЕНДИЈА Тетово(-3) 0 0 0 0 0 0 0 -3

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

ФудбалФудбалска репрезентација

Женската репрезентација на Македонија до 17 години ја победи Словенија и го освои првото место на квалификацискиот турнир во Скопје

Младата женска репрезентација на Македонија до 17 години забележа нова победа на квалификацискиот турнир (Б лига) за пласман во А дизивијата од квалификациите за...

ФудбалФудбалска репрезентација

Селекторот Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за дуелите со Лихтенштајн и Велс

Селекторот на А репрезентацијата на Македонија, Благоја Милевски го објави списокот со повикани фудбалери за претстојните натпревари од квалификациите против Лихтенштајн на 22....

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

ЖФК Тиверија Брера од Струмица врши уписи на девојчиња од 6 до 15 години

Женскиот фудбалски клуб Тиверија Брера од Струмица врши уписи за девојчиња од...

ФудбалФудбалска репрезентација

ОФС Неготино распиша оглас за прием на нови млади судии и судијки!

Општинскиот фудбалски сојуз Неготино распиша оглас преку кои ќе се врши прием...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!