Трета лигаФудбал

Васко Настески го реши натпреварот, минималец за Света Троица на пријателскиот меч со Славеј во Мешеишта!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Минимална победа од 0:1 за екипата Света Троица која беше минимална подобра на пријателскиот меч со Славеј, меч кој се одигра на теренот во Мешеишта. Стрелец на единствениот победнички гол за охридскиот третолигаш беше Васко Настески.

Ова беше тест меч каде и двете екипи ја проверуваа формата пред почетокот на пролетната полусезона во Трета лига – Југозапад. Двете екипи кои се новајлии во овој третолигашки регион имаат за цел да го изборат опстанокот порано и да имаат мирна завршница од сезоната.

Стартот на пролетниот дел е закажан на 9. март, а во рамки на првото пролетно коло Света Троица на домашен терен ќе игра со Сатеска од Волино, екипа која претендира за освојување на првото место и баражот за можен влез во Втора лига, а пак Славеј отвара во Мешеишта на домашен терен против Велешта.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Величков ќе им суди на Шкендија и Брера, Стојанов оди во Струга, Пилешков главен во Кратово

Познати се судиите кои ќе ја делат правдата на трите воведни натпревари...

КупФудбал

Тиверија Брера со „петарда“ до втората Куп титула, Саса немоќна во финалето во Ѓорче Петров!

Тиверија Брера го освои вториот трофеј во Купот на Македонија, откако во...

Втора лигаПрва лигаФудбал

Дисциплинската комисија на ФФМ со строги казни: суспензии за играчи и функционери, поведени повеќе постапки

Дисциплинската комисија при Фудбалска федерација на Македонија донесе повеќе казни и покрена...

Младински фудбалФудбал

Познати се финалистите во Купот на Македонија кај младинците и кадетите

Комплетирани се полуфиналните натпревари во Купот на Македонија во младинските категории, а...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!