Втора лигаФудбал

Осогово има тешко гостување во Автокоманда – тежок предизвик против фаворитот Скопје

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Екипата на Осогово утре се соочува со уште едно тешко гостување, овој пат во Автокоманда против фаворитот Скопје, во рамки на 17. коло на Втората лига.

„Жетварите“ со пораз стартуваа во Неготино, откако загубија од Вардар Неготино со минимални 1:0, а овој пораз беше тежок бидејќи беше од конкурент за опстанок, па така тимот од Неготино направи два чекор напред, Осогово ако не три, но сигурно два назад.

Сега тимот од Кочани е на нов предизвик да обезбеди опстанок, бидејќи со секој друг исход ќе заврши во зоната за директно испаѓање, ако Борец успее да слави против Победа на домашен терен.

Од коло во коло работите ќе се комплицираат за опстанок, па тимот ќе се сведе на борба за баражот, но и тој не гарантира опстанок, бидејќи ова сезона баражите ќе бидат многу понеизвесни, против одлични и квалитетни екипи како Слога Виница, Влазерими, Шкендија Арачиново.

Затоа е голема борбата во Втората лига да се избегне бараж зоната односно 14-тото место.

Осогово не одигра толку лошо во Неготино, теренот на „Цвај арена“ беше многу лош, тоа директно влијаеше врз играта, имаше одлични шанси Осогово, но не успеаја да реализираат и да го отворат резултатот, па тоа го казни Вардар Неготино во 45. минута преку Давид Спасов.

Во вториот дел Вардар Неготино тргна одлично, а Осогово беше во игра благодарение на голманот Ѓорѓи Јованоски, кој имаше одлични интервенции, сепак тимот претрпе пораз од 1:0.

Скопје, пак, одлично отвори откако во Богданци со 0:3 лесно го декласираше „фенерџијата“ Вардарски. Теренот во Автокоманда е тежок за освојување на гостински бодови, свесни се и од Осогово за тоа, па доколку тимот психилошки е стабилен после поразот од Неготино, доколку тимот ова недела одлично изработил тогаш ќе има повеќе од право да се надева на позитивен резултат.

Битката за трите бодови на „Железарница“ кои живот значат за Осогово, дали „жетварите“ ќе успеат во Кочани да однесат нови три бодови или „пиратите“ ќе им скратат уште една шанса на патот кон сигурен опстанок.

В сабота од 14 часот соочување на Скопје и Осогово, каде за правдата ќе биде задолжен Боби Величков од Велес.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Турнири

ВИДЕО: Пролетер со лото победа, Клик Гевгелија со десет гола ја „разнесе“ Десива Транспорт

Вечерва започна овогодинешното издание на турнирот во мал фудбал „Стојаково 2025“ со два мечеви кај јуниорите и два мечеви во сениорска конкуренција. Турнирот...

Кошарка

Струмица ФМП убедлива против Ролинг во градското кошаркарско дерби!

Убедлива победа за кошаркарите на Струмица ФМП во градското дерби со Ролинг од 97:55, во рамки на 8. коло од Првата кошаркарска лига...

Поврзани написи
Фудбал

Висок пораз на битолски Конзули во Кочани – четири гола за Христијан Крстов

Синоќа беше отворено 7. коло во Втората футсал лига со убедливата победа...

ФудбалФутсал

Форца броеше до десет, Проект и Кеги Моби до високи победи!

Фаворитите одиграа според планот – шампионот Форца броеше до десет против Јувентус...

Младински фудбалФудбал

ВИДЕО: Стефан Ристов најдобар играч, Детонит Плачковица блесна на „Football Winter Mini Cup 2025“ во Богданци

Младите таленти на радовишки Детонит Плачковица од генерациите 2014 и 2015 имаа...

Втора лигаФудбал

Митревски: Во Осогово ништо не е случајно!

Есенската полусезона во Втората лига донесе многу причини за радост во Кочани,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!