Прва лигаФудбал

Воска Спорт реагира и бара промена на судијата за мечот со Работнички!

Сподели
ФОТО: Гани Ајредини, Спортска Мрежа
Сподели

По делегирањето на судиите за 20. коло во ПРвата македонска фудабслка лига, екипата на Воска Спорт од Охрид преку соопштение реагираше и побара промена на судиите.

Воска Спорт во недела ќе гостува кај Работнички, а главен судија на мечот е Игор Стојчевски, а за кого клубот побара да не суди на нините натпревари поради спорни одлули кои биле на штета на охридскиот клуб, така истакна Воска Спорт во свооето клупско соопшетние.

  • ЦЕЛОСНОТО СООПШТЕНИЕ НА ФК ВОСКА СПОРТ:

„Воска Cпорт ја изразува својата загриженост во врска со одлуката на Фудбалската федерација на Македонија да го делегира Игор Стојчевски за главен судија на натпреварот од 20. коло против Работнички. Со оглед на нашите досегашни искуства со овој судија, каде што бевме сведоци на сомнителни одлуки кои не ја одразуваа правичноста на теренот, ја изразуваме нашата длабока загриженост за неговото судење на овој натпревар. Фудбалот треба да остане спорт каде што резултатите се решаваат исклучиво од играта на теренот, а не од одлуките на други страни кои би можеле да влијаат на конечниот исход. Во таа насока, ја повикуваме ФФМ сериозно да го разгледа ова прашање и да го смени главниот судија на овој дуел, со што ќе гарантира фер и непристрасно судење, како што налага духот на фер-плејот. Ние како клуб ќе продолжиме да бидеме посветени на фер-плеј, барајќи сите тимови да бидат третирани подеднакво и професионално на овој шампионат“, се вели во соопштението на клубот.

Воска Спорт со победа од 2:0 против Беса на домашен терен го отвори пролетниот дел, а сега ќе има тешко гостување кај Работнички во Скопје, а целта на охридскиот прволигаш е опстанок во Прва лига.

Сподели

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!