Прва лигаФудбал

Качевски го доби дербито меѓу Шкендија и Силекс, Стојанов ќе им суди на Струга и Вардар

Сподели
Сподели

Делегирани судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од 20. коло на Првата лига.

Колото ќе биде отворено во сабота со соочувањето на шампионот Струга Трим Лум и Вардар, каде главен судија ќе биде Стојанче Стојанов.

Останатите натпревари ќе се играат в недела. Бењамин Ќерими ќе им суди на Тиквеш и Пелистер, Ндерим Тефику на Брера и Шкупи, Игор Стојчевски ќе ја дели правдата на мечот меѓу Работнички и Воска Спорт, Александар Урошевиќ ќе биде главен арбитар на дуелот меѓу Беса и Гостивар, а пак Јован Качевски го доби дербито меѓу Шкендија и Силекс во Тетово.

Сите натпреварите ќе започнат во 14 часот.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 20. КОЛО ПРВА ЛИГА:

Тиквеш – Пелистер, Бењамин Ќерими (Скопје)
Брера Струмица – Шкупи, Ндерим Тефику (Куманово)
Работнички – Воска Спорт, Игор Стојчевски (Скопје)
Беса – Гостивар, Александар Урошевиќ (Тетово)
Струга Трим Лум – Вардар, Стојанче Стојанов (Штип)
Шкендија – Силекс, Јован Качевски (Струга)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!