Втора лигаФудбал

Салихи ќе им суди на Беласица и Вардар Неготино, Илиоски го доби дербито во Ѓорче, Смоквоски патува во Радовиш

Сподели
Сподели

Во сабота ќе се одиграат натпреварите од 17. коло на Втората македонска фудбалска лига, а веќе се познати и судиите кои ќе ја делат правдата на натпреварите од второто пролетно коло.

Пларент Салихи ќе биде главен судија на мечот меѓу Беласица и Вардар Неготино, Дејан Младеновски ќе им суди на Арсими и Охрид, Сашко Ристов ќе биде задолжен за правдата на дуелот меѓу Борец и Победа.

Никола Костенчев ќе биде главен судија на натпреварот меѓу Брегалница и Новаци, Кирил Смоквоски ќе биде главен арбитар на дуелот меѓу Детонит Плачковица и Каменица Саса.

Марјан Стојановски ќе ја дели правдата во Гевгелија каде ќе играат Кожуф и Вардарски, а пак Боби Величков ќе им суди на Скопје и Осогово.

  • ДЕЛЕГИРАНИ СУДИИ 17. КОЛО ВТОРА ЛИГА:

Беласица – Вардар Неготино, Пларент Салихи (Тетово)
Арсими – Охрид, Дејан Младеновски (Скопје)
Македонија ЃП – Башкими, Влатко Илиоски (Прилеп)
Борец – Победа, Сашко Ристов (Струмица)
Брегалница – Новаци, Костенчев Никола (Скопје)
Детонит Плачковица – Каменица Саса, Кирил Смоквоски (Прилеп)
Кожуф – Вардарски, Марјан Стојановски (Кичево)
Скопје – Осогово, Боби Величков (Велес)

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!