ФудбалФутсал

Дерби на бранителот Форца и Шкупи во четвртфиналето од футсал Купот, Балкан против Кратово

Сподели
ФОТО: Futsal Club FORCA | АРХИВА
Сподели

Утре стартува четвртфиналето од футсал Купот на Македонија со мечот меѓу прволигашот Јувентус Серава и второлигашот Партизан Југ од Брвеница.

Фаворитската улога ќе биде на страната на прволигашот, кој на своја страна го има и домашниот терен. Мечот ќе започне во 18:45 часот.

Во среда ќе бидат одиграни останатите три натпревари. Во 18:45 часот се игра второлигашкото дерби меѓу Балкан и Кратово, каде и двете екипи посакуваат следна фаза односно полуфинален.

Балкан кој влезе во победничка серија е фаворит во однос на Кратово кој во Втората футсал лига е во резултатска криза.

Во 19:30 часот во Штип ќе се соочат лидерот во Втората футсал лига, Мал Ајакс и прволигашот Осогово, каде и овде фаворитската улога ќе му припадне на прволигашот од Крива Паланка, а Мал Ајакс ќе сака изненадување и полуфинале.

Четвртфиналната фаза се затвара во 21 часот во Куманово со дербито меѓу бранителот на Куп титулата екипата на Форца и Шкупи. Ова ќе биде најголемото дерби во ова фаза од Купот на Македонија.

Форца е на добар пат да ја одбрани титулата во Првата футсал лига, а тоа сака да го направи и во Купот и со тоа да ги обедини двете титули и да направи нов голем успех за освојување на двојната титула.

Шкупи во Куманово патува по полуфинале, а тоа ветува одлично четвртфинале. Победниците од ова фаза патуваат во полуфиналето.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во Првата македонска фудбалска лига. Двете екипи влегуваат во пресметката со јасна...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Силекс ја пречекува Шкендија Арачиново во Кратово: дуел за важни бодови

Со натпреварот меѓу Силекс и Шкендија Арачиново денеска започнува 11. коло во...

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!