ФудбалФутсал

Мал Ајакс е на врвот, Балкан сака го стигне лидерот, кои екипи можат до Првата футсал лига?

Сподели
ФОТО: КМФ Мал Ајакс | АРХИВА
Сподели

Синоќа во Демир Хисар се комплетираше 12. коло во Втората футсал лига со тоа сега го имаме конечниот лик на табелата по дванаесет одиграни рунди.

Лидер на табелата е екипата на Мал Ајакс од Штип со 30 бодови на своето конто шест повеќе во однос на Балкан кој е втор на табелата. Овие две екипи се главни фаворити за влез во Првата лига, првите две места од Втората лига обезбедуваат директен влез во футсал елитата на Македонија.

На треттото место е ланскиот прволигаш Овче Поле со 22 бодови, колку што има и Кораби кој е четврти, но тимот од Дебар има меч повеќе во однос на водечките три екипи, а на петтото место е Каршиака со 20 бодови. Овие екипи и ќе ја водат пролетната борба за првите две места на патот кон обезбедување на влез во Првата футсал лига.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ФУТСАЛ ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 КМФ МАЛ АЈАКС 11 10 0 1 59 34 +25 30
2 ФК Балкан 2017/КМФ 11 8 0 3 79 60 +19 24
3 КМФ ОВЧЕ ПОЛЕ 2013 11 7 1 3 65 33 +32 22
4 КМФ Кораби 12 7 1 4 92 66 +26 22
5 КМФ КАРШИАКА 1996 11 6 2 3 64 42 +22 20
6 ФК Партизан Југ Брвеница/КМФ 11 6 0 5 59 55 +4 18
7 КМФ КОНЗУЛИ Битола 11 5 0 6 52 47 +5 15
8 КМФ ЕНХАЛОН 2020 11 5 0 6 49 55 -6 15
9 КМФ ССК 1965 Скопје 11 4 0 7 57 56 +1 12
10 КМФ СЕЕ-УНИВЕРСИТИ 11 4 0 7 54 56 -2 12
11 КМФ КРАТОВО 11 4 0 7 63 73 -10 12
12 КМФ ПОБЕДА Прилеп 11 3 0 8 73 95 -22 9
13 КМФ КАРАДАКУ 11 1 0 10 34 128 -94 3
Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Останато

Сојузот на спортови на Скопје ги додели наградите „13 Ноември“, каратистот Матеј Белистојаноски одликуван за најдобар спортист

Наградата за животно дело му припадна на Марин Докузовски, поранешен кошаркар и тренер, најтрофеен селектор на македонската репрезентација, која под негово водство го...

Останато

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски. На средбата, министерот Ристовски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Охрид ја држи есенската круна во свои раце, Пелистер и Работнички чекаат шанса

Охрид влегува во последните две редовни есенски кола како лидер и најсериозен...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера против Пелистер, Каменица Саса Љуботен

Одредени паровите за полуфиналето во Купот на Македонија во женска конкуренција, кој...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!