Втора лигаФудбал

Каква борба нè очекува за второто место во Втората лига, на дното без промени!

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Во саботата се одигра првото пролетно коло кое не направи големи промени на табелата, но имаме притисок за второто место кое директно води кон Прва лига.

Лидер е Македонија ЃП сега со уште поголема разлика, со тоа што „лавовите“ имаат 41 бод, а пак Брегалница е втора со 34 бодови, Башкими е трет со 33 бодови, а Арсими четврти со 32 бодови. Овие екипи ќе ја водат пролетната борба за второто место кое директно води кон Прва лига, но и за третото место или баражот за можен влез во Прва лига.

Детонит Плачковица по ремито со Новаци ќе останува и натаму во игра барем за третото место, но тоа ќе биде од втор план, ако се укаже шанса од сенка.

Во долниот дел нема промени, Вардарски е на дното, но сега Борец освои важен бод и има шест бодови, а пак Осогово останува во бараж зоната со осум бодови. Овие екипи и ќе ја водат таа борба за баражот или евентуално за место над баражот или во зоната за директен опстанок.

Победа сега се спушти место подолу односно е 13-та со 15 бодови, а Вардар Неготино скокна до 12-тото место со 17 бодови.

  • ЦЕЛА ТАБЕЛА ВО ВТОРАТА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД 16 13 2 1 32 5 +27 41
2 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 16 10 4 2 23 11 +12 34
3 АД ФК Башкими 1947 Куманово 16 10 3 3 25 13 +12 33
4 ФК АРЕСИМИ-1973 16 10 2 4 28 15 +13 32
5 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 16 6 8 2 20 13 +7 26
6 ФК СКОПЈЕ АД 16 6 7 3 21 13 +8 25
7 ФК КАМЕНИЦА САСА 16 7 4 5 27 21 +6 25
8 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 16 7 3 6 21 18 +3 24
9 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 16 5 8 3 18 14 +4 23
10 ЗФК НОВАЦИ 2005 16 5 4 7 17 15 +2 19
11 ФК БЕЛАСИЦА АД 16 4 7 5 15 19 -4 19
12 ГФК ВАРДАР Неготино 16 5 2 9 22 29 -7 17
13 ФК ПОБЕДА АД 16 4 3 9 20 26 -6 15
14 ГФК ОСОГОВО 16 2 2 12 14 35 -21 8
15 ФК БОРЕЦ 1919 АД 16 1 3 12 8 30 -22 6
16 ФК ВАРДАРСКИ 16 1 2 13 12 46 -34 5

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!