Втора лигаФудбал

ФОТО: Арсими тргна со победа, но и доби најмногу во првото пролетно коло, еве и зошто?

Сподели
Сподели

Екипата на Арсими со победа тргна во пролетната полусезона на Втората лига, трите бодови беа освоени во Струмица во меч каде гостинот од Чегране славеше со минилани 0:1 и го обезбеди целиот „плен“.

Арсими во пролетниот дел ќе атакува на местата кои водат кон Прва лига, за што тимот значително беше и засилен, а пролетниот дел беше отворен со триумф, што беше важно за Арсими победнички да ја отвори полусезоната.

Сепак, за Арсими покрај победата во Струмица важни беа и „киксовите“ на Башкими и Брегалница, со што Арсими значително им се за второто место. Брегалница одигра 0:0 против Победа во Прилеп, а пак Башкими 1:1 против Борец на домашен терен.

Тоа значи дека сега Македонија ЃП како лидер има 41 бод, Брегалница е втора со 34 бодови, Башкими е трет со 33 бодови, а пак Арсими кој е четврти има 32 бодови. Ова ветува една неизвесна пролетна полусезона каде овие три екипи речиси сигурно ќе водат борба на теренот за второто место кое директно води кон Прва лига и третото место кое води кон баражот за Втора лига.

Во следното коло Арсими на домашен терен ќе игра со Охрид, Брегалница ќе биде домаќин на Новаци, а пак Македонија ЃП ќе игра дерби со Башкими на домашен терен.

  • ПОГЛЕДНЕТЕ ЈА ЦЕЛАТА ТАБЕЛА ОД ВТОРАТА ЛИГА:
Поз. Клуб ОН Поб Н Пор ПОС ПРИ ГР БОД
1 ФК МАКЕДОНИЈА Ѓ.П 1932 АД 16 13 2 1 32 5 +27 41
2 ФК БРЕГАЛНИЦА 2008 АД 16 10 4 2 23 11 +12 34
3 АД ФК Башкими 1947 Куманово 16 10 3 3 25 13 +12 33
4 ФК АРЕСИМИ-1973 16 10 2 4 28 15 +13 32
5 ФК ДЕТОНИТ ПЛАЧКОВИЦА 16 6 8 2 20 13 +7 26
6 ФК СКОПЈЕ АД 16 6 7 3 21 13 +8 25
7 ФК КАМЕНИЦА САСА 16 7 4 5 27 21 +6 25
8 ГФК ОХРИД ЛИХНИДОС 16 7 3 6 21 18 +3 24
9 ФК КОЖУФ ГЕВГЕЛИЈА 16 5 8 3 18 14 +4 23
10 ЗФК НОВАЦИ 2005 16 5 4 7 17 15 +2 19
11 ФК БЕЛАСИЦА АД 16 4 7 5 15 19 -4 19
12 ГФК ВАРДАР Неготино 16 5 2 9 22 29 -7 17
13 ФК ПОБЕДА АД 16 4 3 9 20 26 -6 15
14 ГФК ОСОГОВО 16 2 2 12 14 35 -21 8
15 ФК БОРЕЦ 1919 АД 16 1 3 12 8 30 -22 6
16 ФК ВАРДАРСКИ 16 1 2 13 12 46 -34 5

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново продолжува со одличните резултати: Трета победа во низа и високо трето место во ПМФЛ

Шкендија Арачиново продолжува со импресивниот настап во Првата македонска фудбалска лига. Дебитантот во елитното друштво стигна до третата последователна победа, откако во натпреварот...

Втора лигаФудбал

Охрид го држи врвот со натпревар помалку, Пелистер и Брера најблиску, на дното Шкупи без бодови

По пет одиграни кола, со тоа што второто коло и петтото не се комплетирани, време е за првата „лупа“ на табелата во Втората...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

Шкендија Арачиново продолжува со одличните резултати: Трета победа во низа и високо трето место во ПМФЛ

Шкендија Арачиново продолжува со импресивниот настап во Првата македонска фудбалска лига. Дебитантот...

Прва лигаФудбал

ФК Скопје се засили со Брадаровски и Гордич

ФК Скопје продолжува со засилувањето на составот, а клубот во своите редови...

Прва лигаФудбал

Тодоров: Нема да биде лесно, но посакуваме победа на денешниот натпревар

Двете победи во низа донесоа дополнителен оптимизам во редовите на Шкендија Арачиново,...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!