Екипата на Проект за пролетната полусезона во Првата футсал лига се засили и со Ѓорги Коцевски.
Се работи за 21-годишен играч кој од есенскиот дел настапува за третолигашот Хоризонт Турново, а има играно и за Тиверија, а ги помина младинските категории на Брера Струмица.
Со Коцевски, екипата на Проект од Валандово добива одлично освежување во своите редовите.
Екипата на Проект, претходно ги промовираше и Наум Блажевски, Горан Стојанов и Филип Лазаров.
Веќе денес екипата на Проект гостува кај Бутел, во рамки на 11. коло или првото пролетно коло.