Втора лигаФудбал

(ВИДЕО) Каменица Саса реагира: Топката не ја помина гол-линијата, но сепак беше признат голот на Кожуф!

Сподели
Сподели

Екипата на Каменица Саса вчера на стадионот „Кукуш“ во Турново ремизираше играјќи 1:1 против Кожуф, но по завршувањето на натпреварот екипата на Саса реагираше за голот на Кожуф, кој го постигна токму нивниот поранешен играч Сашо Дуков.

Како што се вели во реакцијата на клубот од Македонска Каменица, топката не ја поминала гол-линијата, а притоа бил признат голот на Дуков, со што Кожуф дојде до конечните 1:1 за делба на бодовите.

„ФК Каменица Саса изразува незадоволство од денешниот натпревар против ФК Кожуф, кој заврши со резултат 1:1. Во 90-та минута беше признат непостоечки гол за гостинската екипа, кога топката не ја помина гол-линијата, но судијата сепак досуди погодок, со што директно влијаеше на конечниот резултат. Оваа одлука предизвика оправдан револт кај нашиот тим и стручниот штаб. Како клуб, остануваме доследни на фер-плејот и спортските вредности, но воедно апелираме до надлежните да преземат мерки за спречување на вакви грешки во иднина, со цел зачувување на интегритетот на македонскиот фудбал“, велат од Каменица Саса.

  • ПОГЛЕДНЕТЕ ГО ГОЛОТ НА ДУКОВ, ЗА КОЈ САСА ТВРДИ ДЕКА НЕ Е ПОМИНАТА ГОЛ ЛИНИЈАТА:

Саса уште еден меч ќе мора да игра на неутрален терен, а тоа ќе биде мечот со Брегалница, бидејќи Градскиот стадион во Македонска Каменица е суспендиран на два натпревари.

 

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Втора лигаФудбал

Фуркан Идризи ќе го суди дербито меѓу Охрид и Работнички, Јордан Јовановски главен во Струмица, Јован Качевски во Радовиш

В сабота се играат сите натпреварите од 9. коло на Втората македонска фудбалска лига, а сите стартуваат во 14 часот. Познати се и...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

Втора лигаФудбал

Тренерска вртелешка во Втората лига: седум промени по само осум кола

Тренерската вртелешка во Втората македонска фудбалска лига е во полн ек. По...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!