Трета лигаФудбал

Третолигашот Слога Виница загуби на пријателскиот меч од Банско во Бугарија

Сподели
Сподели

Третолигашот Слога Виница одигра меѓународен пријателски натпревар во Бугарија каде со минимални 2:1 беше поразен од тимот на Банска, во меч кој се одигра во Сандански. Овој меч беше уште една можност за проверка на формата, а стрелец за македонскиот третолигаш беше Филип Николовски.

Во однос на екипата на Банско која се натпреварува во Третата фудбалска лига на Бугарија гради тим и се бори за влез во Втората бугарска лига.

Слога Виница изгради квалитетен тим, со одлична организација во тимот, поставеност на ниво на прволигашка екипа, а тимот на Емил Грнев беше и на зимски подготовки во Дојран, што само по себе зборува фактот што третолигашот од Виница е одлично организиран и реално има услови какви најголем дел од второлигашите немаат.

Слога Виница во пролетниот дел лесно ќе го потврди првото место, па останува баражот како последна пречка за враќање на тимот од Виница во Втората лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!