Втора лигаФудбал

Големо засилување за Арсими: Бобан Георгиев преставен во тимот од Чегране!

Сподели
ФОТО: Александар Ванев, Спортска Мрежа
Сподели

Екипата на Арсими за пролетниот дел од сезоната во Втората македонска фудбалска лига се засили со Бобан Георгиев, се работи за фудбалер кои покрај прволигашко искуство има и меѓународно искуство и сигурно е дека ќе биде главна алка во тимот од Чегране.

Арсими изгради одличен тим и повеќе од сигурно ќе ги напаѓа местата за Првата лига, со оглед на тоа што е на 4. место со 29 бодови и има четири помалку од второто место каде е Брегалница.

28-годишникот низ својата кариера настапуваше за Металург, Брегалница, Силекс, од каде се пресели во српскиот шампионат настапувајќи за Радник, потоа играше и за Борац Бања Лука во БиХ, како и за Требиње, па се врати во македонскиот шампионат потпишувајќи за охридска Воска Спорт, од каде се пресели во Пелистер, но по една полусезона се раздели со битолскиот тим.

Арсими изгради тим со кој ќе атакува на местата за Прва лига, што за Арсими би било историско учество во елитата. Дополнително тимот од Чегране обезбеди и историско четвртфинале каде ќе се соочи со прволигашот Брера Струмица.

Пролетниот дел Арсими го отвара во Струмица против екипата на Беласица.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Капинковски: Подготвени сме за натпреварот против Швајцарија

Репрезентацијата до 19 години на стартот од турнирот што се одржува во Македонија освои бод откако во првото коло играше без голови во...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Репрезентацијата на Македонија до 21 година поразена во Нови Сад од Србија

Младата репрезентација на Македонија до 21 година претрпе пораз од Србија, 2:0 во пријателскиот натпревар одигран во Нови Сад. Избраниците на Александар Таневски...

Поврзани написи
Втора лигаФудбал

Две кола до зимската пауза, пет екипи под притисок — кој може да се оддалечи од опасната зона?

Репрезентативната пауза ја затекнува борбата за опстанок во Втората лига со четири...

КупФудбал

КУП: Тиверија Брера преку Истатов во полуфиналето, Ана Димитровска со четири гола го потона Кочани, домашни победи за Пелистер и Љуботен

Без изненадувања во Купот на Македонија во женска конкуренција, фаворитите лесно обезбедија...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!