Втора лигаФудбал

Пристигнаа три засилувања во Борец: Промоција на Мерсовски, Митров и Зенговски

Сподели
ФОТО: ФК Борец
Сподели

Екипата на Борец за пролетниот дел на Втората фудбалска лига ќе биде посилна за Един Мерсовски, Дамјан Зенговски и Алекс Митров.

Со овие три играчи тимот на Горан Симов добива на квалитет во борбата за опстанок во второлигашкото друштво.

Мерсовски носи прволигашко искуство во тимот на Борец, каде всушност е повратник, а 30-годишникот низ својата кариера беше дел од Кораб, Гостивар, Хоризонт Турново, Кожуф, Работнички, Металург и Вардар.

Младиот Зенговски кој има 19 години доаѓа од второлигашот Вардарски, а игра на позицијата десен бек. Митров, исто така има 19 години, доаѓа од италијанскиот тим Триестина, а потекнува од школата на Јанг Бојс, додека пак во Македонија уште настапуваше и за Беласица.

Во рамки на првото пролетно коло кое се игра веќе во сабота Борец ќе гостува кај Башкими. Екипата на Борец е на претпоследното место со пет бодови на своето конто односно во зоната за директно испаѓање во Трета лига, па тимот има една цел – сигурен и директен опстанок во Втората лига.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството во престижната UEFA CORE 63 програма, наменета за млади и перспективни...

Ракомет

Италијански судиски тандем ќе ја дели правдата на европските дуели на Охрид

ГРК Охрид ги дозна официјалните лица за двомечот со Спор Тото од Турција во рамки на второто коло од ЕХФ Европскиот Куп, во...

Поврзани написи
Прва лигаФудбал

(ФОТО) Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно ја завршија UEFA CORE 63 програмата, дипломи и признание за македонски судии

Македонските фудбалски судии Бењамин Ќерими и Борис Трајков успешно го завршија учеството...

Втора лигаФудбал

Тренерот на голмани Дарко Денков и Детонит Плачковица спогодбено се разделија

По спогодбената разделба меѓу шефот на стручниот штаб Горан Здравков и второлигашот...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!