Трета лигаФудбал

Третолигашот Големо Коњари се засили со Христијан Кукески и Кирил Иваноски

Сподели
Сподели

Есенскиот шампион во Трета лига – Југ за пролетниот дел се засили со искусниот Христијан Кукески од Победа и Кирил Иваноски, кој доаѓа од младинските категории на Победа.

30-годишниот Кукески покрај за Победа има настапувано и за Караорман од Струга, Слога Виница, Обршани, Партизан Обршани, 11-ти октомври и Тополчани. Неговото искуство ќе биде доста важно кон целта на Големо Коњари, да го потврди првото место, а потоа и преку баражот да се обиде да дојде до Втора лига.

Иваноски има 17 години кој доаѓа од младинските погони на Победа и ќе биде освежување во редовите на Големо Коњари.

Сериозен конкурент на Голем Коњари ќе му биде Превалец, кој исто така сериозно се засилува.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракомет

Вечерва во Богданци гостува Алкалоид: Младост ќе има поддршка, салата „Млаз“ ќе биде полна

Вечерва во рамките на 4. коло на ракометната Супер лига во Богданци ќе гостува Алкалоид, кој како фаворит доаѓа во салата „Млаз“, која...

РепрезентацијаФудбалска репрезентација

Време е за Швајцарија: Македонија подготвена за новиот предизвик

Македонската А-репрезентација ги привршува подготовките за првиот меѓусебен натпревар со Швајцарија. Дуелот против еден од најквалитетните европски национални тимови е закажан за в...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Љуботен ги освои бодовите во мечот со Истатов, тимот од Тетово се врати на врвот во ПЖФЛ

Љуботен триумфираше над Драчево совладувајќи го Истатов со резултат од 0:3, меч...

Втора лигаФудбал

Второлигашот Кожуф и тренерот Дарко Крстески спогодбено ја прекинаа соработката

Второлигашот Кожуф од Гевгелија и досегашниот тренер Дарко Крстески спогодбено ја прекинаа...

Прва лигаФудбал

Нова тренерска промена во Прва лига: Скопје остана без тренер, Муарем Муарем поднесе оставка

Прволигашот Скопје остана без тренер, откако Муарем Муарем поднесе оставка, со што...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!