Втора женска фудбалска лигаФудбал

Второлигашот Билјанини Извори од Охрид се засили со искусната Драгана Гегова

Сподели
Сподели

Екипата на Билјанини Извори која се натпреварува во Втората женска фудбалска лига за пролетната полусезона се засили со 24-годишната Драгана Гегова, која во охридскиот второлигаш доаѓа од редовите на прволигашот Скопје.

Се работи за искусна фудбалерка која ќе го подигне квалитетот во тимот од Охрид, кој во пролетниот дел ќе атакува на бараж за можен влез во Првата лига. Гегова во својата кариера има настапувано покрај за Скопје и за Шкендија од Тетово, Вардар, Истатов, велешки Борец и Тиверија Брера од Струмица од каде и ја започнува својата кариера.

Билјанини Извори е на третото место на табелата со 15 бодови на своето конто, само бод помалку од екипата на Вардар која е на второто место, а тоа ќе ветува голема борба на овие две екипи за второто место и баражот, со оглед на тоа што Кочани е на врвот со максимални 21 бод и во однос на квалитетот Кочани нема да има проблем да го потврди првото место и да се врати во фудбалската елита на Македонија во женска конкуренција.

Пролетниот дел од сезоната екипата на Билјанини Извори го отвара против Кочани на гостински терен.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Младеновски ќе им суди на Кадино и Аеродром, Тодоровски на Куманово и Шкендија Арачиново

Денес со натпреварот меѓу Кадино и Аеродром ќе биде отворено 16. коло на Трета лига – Север, а колото ќе се комплетира утре...

Трета лигаФудбал

Стојсавлевиќ ќе им суди на Слога и Големо Коњари, Костов на Венец и Питу Гули!

Во недела ќе се одиграат пет натпревари од 16. коло на Трета лига – Југ, а во рамки на оваа рунда слободни ќе...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Младеновски ќе им суди на Кадино и Аеродром, Тодоровски на Куманово и Шкендија Арачиново

Денес со натпреварот меѓу Кадино и Аеродром ќе биде отворено 16. коло...

Трета лигаФудбал

Стојсавлевиќ ќе им суди на Слога и Големо Коњари, Костов на Венец и Питу Гули!

Во недела ќе се одиграат пет натпревари од 16. коло на Трета...

Трета лигаФудбал

Мартиновски ќе им суди на Света Троица и Сатеска, Зекмановски главен во Мешеишта

Утре започнува пролетната полусезона во Третата фудбалска лига – Југозапад, овој регион...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!