Останато

Шампионот Струмица поразен на домашен терен од конкурентот Штип УГД, натпреварот меѓу Весна Пробиштип и Скопје не се доигра!

Сподели
ФОТО: Одбојкарски клуб Штип УГД
Сподели

Второто пролетно коло од Првата одбојкарска лига во машка конкуренција донесе голема победа за актуелниот освојувач на Купот на Македонија, екипата на Штип УГД која славеше против шампионот Струмица со 2:3 во сетови.

Во израмнет, неизвесен и атрактивен меч кој се одигра во спортската сала „Парк“ првиот сет заврши со 25:21 за струмичани, а пак вториот го добија штипјани со 17:25. Во третиот сет Струмица беше подобра со 25:22, а пак во четвртиот Штип УГД беше подобар со 16:25. Петтиот сет заврши 8:15 за штипјани, а тоа значеше конечни 2:3 во сетови во полза на штипскиот клуб.

Универзитет Тетово загуби од Борец со 2:3 во сетови (17:25, 25:19, 25:21, 14:25, 13:15), додека пак одбојкарите на Работнички со 3:0 славеа лесно над Шкендија (25:21, 25:11, 25:15).

Јанта Волеј се намачи против Македонија Џио и мечот го доби во пет сеа за 3:2 (25:15, 25:22, 24:26, 23:25, 15:6). Вардар на домашен терен беше поразен од Лирија со убедливи 0:3 во сетови (8:25, 17:25, 24:26).

Натпреварот меѓу Весна Пробиштип и Скопје не се доигра, откако домашниот тим одлучи да не го продолжи натпреварот, по спорна судиска одлука. Следува одлука на Комесарот за натпреварување.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Ракометна репрезентацијаРепрезентација

Шведска ја запре Грција на 24 гола, Македонија во Халкида може да ѝ побегне четири бода

Грција ќе ја пречека Македонија без бодови во квалификациите за Европското првенство во 2028 година. Вечерва во Векше, грчките ракометари загубија од Шведска...

Втора лигаФудбал

Ѓорѓиев главен во Кочани, Смоквоски ќе им суди на Тетекс и Еуромилк, Јовановски патува во Новаци

Во сабота ќе бидат одиграни седумте натпревари од 11. коло на Втората македонска фудбалска лига. Сите мечеви ќе стартуваат во 13 часот. Познати...

Поврзани написи
Останато

МЗТ Скопје немоќен во Полска – Џики Варшава го нанесе петтиот последователен пораз на македонскиот шампион во ФИБА Еврокупот!

Македонскиот кошаркарски шампион МЗТ Скопје Аеродром продолжува со негативната серија во ФИБА...

Останато

ТФТ постигна 21 поен повеќе отколку во Тузла, но повторно прими над 100 во АБА 2

ТФТ Скопје го претрпе вториот пораз во групата Б од АБА 2....

Останато

Струмица 47&72 без конкуренција кај кадетите – четири победи, ниту еден загубен сет и лидерско место на табелата!

Кадетската екипа на Струмица 47&72 продолжува со одличните настапи во одбојкарското првенство,...

✕
error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!