Вчера беа одиграни уште четири натпревари за вкупно пет од 10. коло на Втората футсал лига или прво пролетно коло, а кое ќе се комплетира вечер во Прилеп со мечот меѓу Победа и Мал Ајакс од Штип.
Голема победа однесе екипата на Каршиака која на домашен терен триумфираше со 15:2 над ланскиот прволигаш Карадаку. Меч на тотална доминација, каде Бујар Адеми постигигна хет-трик, а хет-трик имаше и Нехат Емини. По два гола постигнаа Амар Мемеди, Фуркан Ќани и Хамза Садики, а по еден гол постигнаа Енис Мемеди, Садам Куртиши и Неџати Шабани. За екипата на Карадаку двоен стрелец беше Омер Саќипи.
Каршиака има и голема поддршка од навивачите, секогаш кога тимот игра на домашен терен салата е полна со публика и дава силна поддршка на својот миленик.
Струшки Енхалон однесе висока победа од 7:1 над Кратово, во меч каде искусниот Нико Пластиновски имаше хет-трик за Енхалон, двоен стрелец беше Дејан Груевски, а по еден гол постигнаа Тони Прќакоски и Дарко Настевски. За екипата на Кратово единствен стрелец беше Димитар Стојановски.
Конзули како домаќин играше во спортската сала „Јордан Пиперката“ во Демир Хисар, каде со 6:3 славеше над тимот на Партизан Југ од Брвеница.
Темур Емини и Муса Веизовски беа двојни стрелци за битолскиот тим, а пак Марјан Јованоски и Виктор Гелевски постигнаа по еден гол. За тимот од Брвеница двоен стрелец беше искусниот Даниел Радески, а еден гол постигна Стефан Апостолоски.
Екипата на ССК Скопје на домашен терен загуби од Кораби од Дебар со резултат од 5:9. За домашниот тим кој претрпе пораз стрелци беа Дарко Стевковски со два гола, а по еден гол постигнаа Илија Алексовски, Бранко Ѓуровски и Борјан Цветановски.
За тимот од Дебар двојни стрелци беа Дарко Блажевски, Ервин Елезоски и Енис Боличе, а по еден гол постигнаа Емил Лимановски и Валмир Ваитовски, а пак Бране Стојановски од екипата на ССК си постигна автогол.
Како што веќе информираше Спортска Мрежа екипата на Балкан преку пресврт однесе голема пбоеда над СЕЕ Университи.