Втора лигаФудбал

Борец договори три пријателски натпревари, веќе утре првиот против Арсими

Сподели
ФОТО: Спортска Мрежа | АРХИВА
Сподели

Велешки Борец договори три пријателски натпревари во рамки на зимските подготовки за вториот дел од сезоната во Втората лига.

Првиот натпревар ќе се игра утре против тимот на Арсими, а следните два ќе бидат против Скопје (5. февруари) и Слога Виница (8. февруари). Тренерот Горан Симов ќе има можност да ја провери форма на тимот и да процени какви можности има за пролетниот дел на сезоната.

По разочарувачката есенска полусезона, која ја завршија со само една победа и две ремија, Борец реши да направи неколку значајни промени. За тренер беше назначен искусниот Горан Симов, додека во тимот пристигнаа нови засилувања како Бујар Хајдари и голманот Матеј Андов. Се очекува уште некои нови фудбалери да се приклучат на клубот пред почетокот на пролетниот дел.

Пролетниот дел Борец го отвара против Башкими на гости.

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига, како и натпревари од македонскиот ракомет. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Кошарка

Соколи 1933 го засили ростерот со Костоски и Александровски!

КК Соколи 1933 продолжува со создавањето на конкурентен состав за новата сезона, а штипскиот клуб во своите редови донесе две искусни македонски имиња...

Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со Марија Бојкова, која е повратничка во редовите на поранешниот шампион на...

Поврзани написи
Прва женска фудбалска лигаФудбал

Марија Бојкова се врати во ЖФК Кочани

Прволигашот Кочани кој минатата сезона преку бараж избори опстанок се засили со...

Трета лигаФудбал

ФОТО: Избран новиот Управен одбор на Трета лига регион 4 – седиштето ќе биде во Прилеп

Денес во Кавадарци беше избран новиот Управен одбор за Трета лига регион...

Прва лигаФудбал

Брегалница под рефлектори против Башкими, во вечерен термин и дерби меѓу Шкендија и Струга

Четвртото коло на Првата македонска фудбалска лига ќе се игра во три...

Втора лигаФудбал

Детонит Плачковица со двајца свои младински репрезентативци на Медитеранските игри!

Детонит Плачковица продолжува да биде клуб кој дава простор и можност за...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!