Трета лигаФудбал

Прво коло и изненадувања: Питу Гули и Венец до три бода, Дурмишов го сруши Росоман!

Сподели
ФОТО: АРХИВА
Сподели

Стартот од новата сезона донесе интересни, но можеби и неочекувани резултати. Фаворитите се сопнаа, новајлиите изненадија, најмногу погодоци во Мало Коњари, Обршани одмараше бидејќи Марена го откажа учеството во Трета лига – Југ, па тоа значи одново старо-ново проблеми, ниту прво коло не започнато одново екипи го откажуваат учеството.

Бучин против фаворитот Превалец на домашен терен одигра 0:0. Вицешампионот Превалец кој во новата сезона важи за кандидат за првото место сезоната ја отвори со реми и мора да се задоволи само со бод.

Ултрас на домашен терен со 2:1 славеше над Младост од Кривогаштани во меч каде Мартин Мечев во 40. минута погоди за 1:0 на полувреме. Во вториот дел Михаил Јакопетровски постигна гол за 2:0, а во 75. минута Александар Чешелковски погоди за конечните 2:1.

Новајлијата Башкими 2008 со голот на Ваљмир Дурмишов во 92. минута го сруши некогашниот второлигаш Росоман и со триумф ја отвори новата сезона во Трета лига – Југ.

За екипата на Башкими 2008 ова е голем триумф против Росоман, кој во новата сезона ќе ја има улогата на фаворит за првото место.

Дербито во Крушево го реши Беким Алимоски со гол во 41. минута за минимална победа на екс второлигашот Питу Гули над Големо Коњари.

Дека тешко се освојуваат бодови во Крушево на своја кожа осети ланскиот есенски шампион Големо Коњари, кој во пролетниот дел ја загуби трката со Борец кој стана шампион во Трета лига – Југ минатата сезона, а потоа се врати во Втората лига преку баражот.

Натпревар во кој некогашниот второлигаш Питу Гули минимално се радуваше на трите бодови.

Најмногу погодоци паднаа во Мало Коњари каде се судрија двете новајлии Влазними Јуниор и Венец од Долни Дисан, во меч каде Петар Ристовски постигна хет-трик и практично го реши победникот.

Екипата на Венец со 2:4 триумфираше во Мало Коњари и дома носи три бодови. Ристовски во 8. минута погоди за 0:1, по една минута Васко Димов рано зголеми на двојна предност за гостинот.

Веќе во десеттата минута падна третиот гол откако Бљорент Арифоски намали на 1:2. Во вториот дел од мечот продолжи голеадата, откако најпрво Арифоски со втор гол израмни на 2:2 и го врати Влазними Јуниор во егал борба за трите бодови, но Ристовски со два погодоци во десет минути ги реши сите дилеми, откако стрелаше во 65. минута за 2:3, а во 75. минута за конечни 2:4.

Новиот третолигаш Дреново и Слога одиграа 1:1 и ги поделија бодовите. Емир Каришиќ во 36. минута постигна гол за 0:1, а во 74. минута Армен Мемедов ги постави конечните 1:1.

Обршани во првото коло одмараше, бидејќи требаше да игра со Марена, која го откажа учеството и нема да се натпреварува во Трета лига – Југ, а тоа значи дека во секое коло ќе има по една слободна екипа, односно од 14 екипи сезоната ја продолжуваат 13 екипи.

Александар Ванев, Спортска Мрежа

Сподели
Напишано од
Александар Ванев -

Основач, главен и одговорен уредник на спортскиот веб портал Спортска Мрежа, специјализиран за македонски спорт. Александар Ванев со спортско новинарство започнува на 1. август 2010 година, неговиот најголем проект е Спортска Мрежа, тој е спортски коментатор и во неговата кариера има коментирано натпревари од Втората и Третата фудбалска лига на Македонија, од Првата футсал лига на Македонија, Куп на Македонија, Прва и Втора женска фудбалска лига. Ванев е член на Здружението на новинари на Македонија (ЗНМ). Ванев е спортски новинар посветен на македонскиот спорт, првиот и единствен кој темелно ја работи Третата и Четвртата (општинската лига) во Македонија.

Не пропуштајте

Трета лигаФудбал

Младеновски ќе им суди на Кадино и Аеродром, Тодоровски на Куманово и Шкендија Арачиново

Денес со натпреварот меѓу Кадино и Аеродром ќе биде отворено 16. коло на Трета лига – Север, а колото ќе се комплетира утре...

Трета лигаФудбал

Стојсавлевиќ ќе им суди на Слога и Големо Коњари, Костов на Венец и Питу Гули!

Во недела ќе се одиграат пет натпревари од 16. коло на Трета лига – Југ, а во рамки на оваа рунда слободни ќе...

Поврзани написи
Трета лигаФудбал

Младеновски ќе им суди на Кадино и Аеродром, Тодоровски на Куманово и Шкендија Арачиново

Денес со натпреварот меѓу Кадино и Аеродром ќе биде отворено 16. коло...

Трета лигаФудбал

Стојсавлевиќ ќе им суди на Слога и Големо Коњари, Костов на Венец и Питу Гули!

Во недела ќе се одиграат пет натпревари од 16. коло на Трета...

Трета лигаФудбал

Мартиновски ќе им суди на Света Троица и Сатеска, Зекмановски главен во Мешеишта

Утре започнува пролетната полусезона во Третата фудбалска лига – Југозапад, овој регион...

error: Содржина е заштитена! Се забранува копирање на истата!